“Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата.
Гостилничар е Епископот.
Милостивиот Самарјанин – Христос му остава сè што му е потребно на гостилничарот за да ги догледа и излекува сите оние чии срца и души, па и тела, се повредени од демонскиот напад.
Богочовекот Исус Христос му остави на свештенството и личен пример, и толку неисцрпна благодат што повредениот гостин никогаш не може да потроши повеќе од тоа.
Ветувањето за доплата се однесува само за малодушните гостилничари.
Затоа, на гостилничарот му останува само совесно и смирено да ја изврши работата за којашто му е однапред преплатено.
А ако ја заврши работата како дете Божјо – а не како наемник – трошејќи се себеси и „повеќе од она што му е платено“, блазе си му на таквиот гостилничар кој Бог ќе Го направи свој „должник“.
Него Бог ќе го направи син Свој по благодат, а каква било друга доплата веќе не е воопшто важна…”