http://www.mpc.org.mk/pouka.asp…
Коментар на денешното евангелско четиво:

„Никој кога запали свеќа, не ја поклопува со сад, ниту ја става под одар, туку ја наместува на свеќник, за да ја гледаат светлината оние што влегуваат.“

Дотолку повеќе и Господ, кога Он ќе му подари умно-срдечна молитва и просветленост на умот на оној што вистински, т.е. правилно Го бара Него,

тоа најчесто не го прави, посебно – не во нашиве времиња, за таквиот да продолжи по патот на исихазмот, туку бара од него прво да ѝ послужи на Црквата, т.е. да биде духовен раководител на многу луѓе кон спасението, па дури потоа, ако во меѓувреме не дојде некое време за маченичко сведоштво, може да продолжи по патот на туѓинувањето, анонимноста и исихазмот.

А Христовите зборови:

„Мојата мајка и Моите браќа се оние што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат“, не се одрекување, туку , затоа што кој повеќе е послушен на Неговото слово и кој повеќе го исполнува, ако не Неговата Мајка?

Самото Нејзино бессемено зачнување и безболно раѓање на Спасителот на светот, нашиот Господ – Богочовекот Исус Христос, е несоборлив доказ за тоа.

Слично на тоа, и сите оние што го слушаат и го исполнуваат словото Божјо можат да се удостојат и наречат браќа Христови и Нејзини деца.

И никој не смее да ја помеша вонредно добиената благодат – поради високата позиција во Црквата, со редовната благодат добиена преку правилен подвиг и да си помисли за себе дека е нешто големо, затоа што „ќе му се одземе и она што мисли дека го има“.“

Претходна статијаДА СЕ ДАВА КАКО БОГ – Христијанскиот живот е само давање! – (Митрополит Наум)
Следна статија23 недела на Педесетница (д. Наум) Исцелението на демоноопседнатиот!