“Ние, христијаните, живееме во овој свет, но не сме дел од овој свет – од неговата логика и неговиот начин на живот.
Ние сме сол на овој свет и квасец на овој свет, т.е. сведоштво и сила која го преобразува светот во Царство идно Небесно.
Ние го следиме примерот на Богочовекот Исус Христос, Кој беше отворен за сите;
и често беше обвинуван од Своите современици дека се дружи со грешници и блудници.
Но, Он не стана грешник и блудник, туку тие станаа свети.
И Црквата е отворена за сите луѓе, а посебно за паднатите во грев – да им помогне да се исцелат од гревот и, преку своите добри Пастири, да ги води кон совршенство; гревот го мразиме, а човекот што греши го љубиме.
Црквата Божја не може да прифати или поддржи никаков грев или гревовна состојба – противни на Евангелието, па макар тоа и било законски поддржано од државата;
ниту некој христијанин смее да стане дел од паднатиот свет, од неговите гревовни поделби и од неговата демонска логика.
Ако некој прифаќа и поддржува грев, таквиот не може да се нарече христијанин. Едноставно е…“ – дедо Наум