БЕСПЛАТНО ДОБИВТЕ, БЕСПЛАТНО ДАВАЈТЕ…

Колку големо е нашето отстапување од Преданието на светите Апостоли, примено од Светиот Дух Господ, а согласно образот и подобието на Богочовекот Христос?

Денешните наследници на Апостолите немаат внатешно духовно покритие за чинот што го носат и затоа строго внимаваат на надворешната форма преку која градат лажен авторитет
– оттаму и посебно украсените одежди,
велелепните храмови,
недостапните олтари, комфорните резиденции,
специјални осветени црковни сосади
и понижувачките правила за лаиците, а посебно за жените.

Богочовекот Христос дојде да ни покаже дека целиот свет е храм Божји;
дека секое наше работно место, каде што работиме во слава Божја и Го сведочиме Него, е олтар Божји;
дека ни е потребно најнапред да сме облечени во благодатта на свештенството;
и дека нема посвета икона Христова од личноста на нашиот ближен и дека, за Него, нема ништо посвето од човекот.

Денес ни се случува градење и надградување на форма, одвоена од својата суштина која дури и го одбива современиот човек,
кој не гледа тука решение и утеха за своето страдање.

Едно е формата да ја сфатиме како потребно педагошко средство, а друго е да ја знаеме нејзината крајна цел – без тежнеење кон остварување на крајната цел, сѐ се претвора во идол.

Денешните наследници на Апостолите ја организирале црковната заедница да зема, посебно за нивните потреби
, а не да дава.

Кога свештенството би го раѓала Светата Литургија, а не само специјалните школи, тогаш Црквата ќе можеше да има повеќе свештеници, кои ќе си имаа своја работа и приход од истата, а за Црквата ќе служеа бесплатно.

„Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (Матеј 10,.

Таквата црковна заедница ќе беше организирана за давање – со парите од верните ќе ги помагаше сиромашните, болните, затворените, старите, образованието на децата итн.,
а не да зема од нив најмногу за себе.

И да не набројувам…
Како ви се чини одговорот на поставеното прашање од почетокот?“ – дедо Наум

Претходна статијаРАДОСТ И СРЕЌА – Дедо Наум
Следна статијаЧУДОТО НА СВЕТАТА МАЧЕНИЧКА МАРИНА ВРЗ БОЛНОТО ДЕТЕ…