Вака пишува евангелистот:
„Тогаш Тома, наречен Близнак, им рече на учениците: да отидеме и ние да умреме co него1” (Јован 11, 16).
Овие зборови се искажани од недоразбирање, но сепак тие означуваат и го карактеризираат храброто и преданото срце на Тома.
При таа прилика Тома бил сведок на воскресението на Лазар, како што во друга прилика бил сведок и на воскресението на синот на вдовицата од Наин.
При воскресението на ќерката на Јаир тој не бил лично присутен во собата на умрената, каде што беа повикани само тројца први апостоли, но затоа пак никаде не се зборува дека тој се посомневал во тоа чудесно дело на Господа.
На крајот, тој бил сведок на сите најголеми чуда на Христа за време од неколку години.
Тој знаел за претскажувањето на Христа дека ќе воскресне на третиот ден.
Сега дознал од десетмината свои другари дека Господ ним им се јавил и им ги покажал своите рани.
Слушнал дека Петар и Јован го нашле гробот празен.
Тоа истото можел да го слушне и од жените мироносици. Слушнал дека Марија Магдалена го видела воскреснатиот.
Господ и дека зборувала co него.
Слушнал и тоа дека двајца од учениците патуваа co Hero живиот до Емаус.
Сето тоа Тома го слушнал и го дознал, но се сомневал и не верувал.
А не верувал затоа што тој лично не го видел воскреснатиот.
Неговото неверување оди дури дотаму што дава до знаење дека ниту на своите сопствени очи нема да им верува, ако co рацете не ги допре неговите рани.
Навистина, човечки посматрано, ова е необична и неразбирлива тврдокорност и упорност во неверувањето!
Но кој може да знае дали и во тоа не е скриена Божјата намера.
Оти и силата на верата зависи од благодатта Божја.
Кој може да ги долови таинствените длабочини на Божјата промисла?
Кој може да рече, кој ли не може да рече, дека Бог Промислителот не сакал неверувањето на Тома да го искористи за верување на многумина?
Во секој случај, тука јасно се објавени две работи:
стравотното заболување на човечката природа, пројавено во упорното неверување на еден апостол, којшто имал безброј причини да верува, и изобилството на Божјата премудрост и Божјата љубов.
Според чистотата и светоста своја, Бог не се служи co зло за добро, ниту пак се служи co лоши средства за да постигне добри цели, но според својата мудрост и љубов спрема луѓето Тој ги исправува нашите лоши патишта и ги свртува кон добро.
Тома се зарекува дека нема да верува сѐ додека не ги положи своите раце и своите прсти во раните Христови.
Без сомнение тој тоа го вели затоа што другарите му кажуваа како самиот Господ им ги покажал своите рани на рацете и под ребрата. Ho еве го преблагиот Господ за да го увери неверниот Тома:
,,A пo осум дена учениците Негови пак беа собрани, и Toма co нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана помеѓу нив и им рече: Мир вам!”
Повторно во воскресенски ден, повторно учениците заедно собрани, повторно вратата затворена, и повторно застана Исус меѓу нив и им рече:
,Мир вам!
Сѐ како што беше при првото јавување, само со таа разлика, што овој пат и Тома бил тука co другите ученици, Самиот Господ како да сакал да му се јави на Тома под еднакви околности, за да го потврди пред Тома искажувањето на десетмината ученици за својата прва појава.
Но зошто Господ се јавил повторно дури осмиот
ден, а не пред тоа?
Прво, затоа што околностите требале да бидат исти, оти и прв пат се јавил во неделен ден, па сега се јавува во неделен ден.
Второ, наполно да се обелодени Томиното неверување и co долго исчекување да се зајакне.
Трето, за да ги привикне своите ученици на трпение и издржливост во молитвата за утврдување на ближниот во верата.
Оти, без сомнение, учениците му се молеа на Господа повторно да се јави заради Тома.
Четврто, учениците да ја согледаат сета своја немоќ и сите свои залудни напори во објавувањето на воскреснатиот Господ без негова помош.
На крајот, можеби и затоа, што бројот осум го означува последното време, предвечерието на второто Христово доаѓање, кога луѓето, слично на Тома, ќе бидат многу слаби во верата, управувајќи се само co своите сетила и веруваЈќи само на тоа што е достапно за тие сетила.
Оти и тогаш луѓето ќе велат слично на Тома:
Додека не видиме, нема да веруваме. И ќе им се даде да видат. „Тогаш… ќе се расплачат сите земни племиња и ќе Го видат Синот Човечки” (Мат. 24, 30).
„Потоа му рече на Тома: Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив/ Одговори Тома и My рече:ѓ
Господ мој и Богмој!”
Заради Тома Господ се јави по втор пат, заради еден човек, еден грешник. Тој, кого ангелските хорови го опкружуваат co радосно извикнување кон Hero како кон победител на смртта, го остава своето небесно стадо и брза да спаси една заскитана овца.
Нека се засрамат од неговиот пример сите луѓе, кои, кога ќе постигнат голема слава и сила во овој свет, ги забораваат своите немоќни и бедни пријатели, па дури и co срам и co презир ги одбегнуваат.
Господ, поради своето човекољубие, не се плаши од никакви понижувања и од никаков труд.
Од човекољубие Тој пo втор пат слегува во една скромна соба во Ерусалим како прославен и сесилен.
О, таа благословена соба, од која се излеа повеќе благослов на родот човечки, отколку од сите царски палати!
Кога му се покажал Господ на Тома, Тома радосно возвикнал:
Господ мој и Бог мој!
Co тие зборови Тома го признал
Христа како човек и како Бог, двете природи во една жива личност.