. Беседа на гората: блаженствата. Достоинството и должностите на учениците. Целиот Закон ќе се изврши.

1. Кога го виде народот, Он се искачи на планината; а штом се

2. И кога ја отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше:
3. “Блажени се бедн

ите по дух, зашто нивно е царството небесно

4. Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат!

5. Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!

6. Блажени се гладните и жедните за правда, оти тие ќе се наситат!

7. Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!

8. Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!
9. Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!

10. Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно!

11. Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно – заради Мене!

12. Радувајте се и веселете се зашто голема е вашата награда на небесата! Така ги гонеа и пророците што беа пред вас.

13. Вие сте солта на земјата. Но, ако солта ја изгуби силата, со што ќе се осоли? Таа веќе за ништо не е, освен да се фрли надвор и изгази од луѓето.

14. Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина.

15. Ниту, пак, светило се пали и клава под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи.

16. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесни.
17. Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам.

18. Зашто, вистина, ви велам: дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сè.

19. И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.

20. Зашто ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во царството небесно.

21. Сте слушале дека им било речено на старите: »Не убивај! А кој убие, виновен
е пред судот«.

22. Јас, пак, ви велам дека секој, што се гневи на брата си без причина, ќе биде виновен пред судот; а оној што ќе го нарече брата си »празноглав«, ќе биде виновен пред врховниот суд; оној, пак, што ќе рече »будала«, ќе биде виновен за во пеколот.

23. И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе,

24. тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот.

25. Измири се со противникот твој навреме, уште додека си на пат со него, за да не те предаде на судијата, а судијата – на слугата и да бидеш затворен;

26. вистина, ти велам: нема да излезеш оттаму сè дури не го дадеш и последниот кодрант.

27. Сте слушале дека на старите им било речено: »Не прељубодејствувај!«

28. Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое.

29. Ако те соблазнува десното око, извади го и фрли го од себе; зашто подобро ти е да погине еден дел од твоето тело, отколку целото да биде фрлено во пеколот.

30. И десната рака, ако те соблазнува, исечи ја и фрли ја од себе; оти подобро ти е да погине еден твој

дел, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.

31. Речено било исто така: »Ако некој ја остави својата жена, нека ѝ даде развод«.

32. А Јас пак ви велам: секој што ќе ја остави својата жена, освен за прељуба, тој ја тера да прељубодејствува; и кој се ожени со така напуштена, тој прељубодејствува.

33. Сте го слушале уште и тоа дека им било речено на старите – »Не колни се криво, а заклетвите пред Господа исполнувај ги«.

34. Јас, пак, ви велам: не колнете се воопшто – ниту во небото, оти тоа е престол Божји;

35. ниту во земјата, зашто таа е подножје на нозете Негови; ниту во Ерусалим, оти е град на великиот Цар.

36. Не колни се ни во главата своја, зашто не можеш ниту едно влакно од косата своја да го направиш бело или црно.

37. Нозборот ваш да биде: да, да, – не, не, а сè што е повеќе од тоа, од лукавиот е.

38. Сте слушале дека е речено: »Око за око, заб за заб«.

39. Јас, пак, ви велам: да не се противите на злото. Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот.

40. А оној што сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, дај му ја и горната облека.

41. И ако некој те присили да одиш со него една милја, ти оди две.

42. На оној што бара од тебе, дај му, и не го одбивај оној што ти сака нешто на заем.

43. Сте слушале дека е кажано -»Љуби го својот ближен и мрази го непријателот«.

44. А Јас, пак, ви велам: љубете го непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат,

45. за да бидете синови на вашиот Отец небесен; зашто Он го остава Своето сонце да грее над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните.

46. Оти, ако ги љубите оние што ве милуваат вас, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и митниците?

47. И, ако ги поздравувате само браќата свои, што особено правите? Не постапуваат ли така и незнабошците?

48. Но бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен.”

Претходна статијаЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ – НЕ СУДЕТЕ, ЗА ДА НЕ ВИ СЕ СУДИ ( Евангелие според Матеј -7)
Следна статијаВО СПОМЕН НА ТОШЕ!