ПСАЛМ 40

Жалење поради лоши непријатели и неверни пријатели

Блажен е оној, што се грижи за бедните! Во злочест ден Господ ќе го избави.
2 Господ ќе го пази и ќе го одржи во живот и ќе му даде среќа на земјата; и нема да го предаде во рацете на непријателот негов.
3 Господ ќе му помогне кога лежи болен в постела. Ти ја исцелуваш секоја болка при болеста негова.
4 А за себе, јас повикав: „Господи, смилувај се на мене, излекувај ја душата моја, зашто згрешив пред Тебе!”
5 Непријателите мои во злоба се распраш уваат за мене: „Кога ќе умре, и кога ќе загине името негово!?”
6 И ако некој дојде да ме види, говори лага; неговото срце собира неправда во себе, и тој, штом ќе излезе надвор, расправа.
7 Сите мои непријатели шепотат меѓу себе против мене, помислувајќи ми зло:
8 „Смртна болест го фатила; кој еднаш легне, веќе нема да стане!”
9 Дури и пријателот мој, во кого имав доверба, кој јадеше мој леб, ја крена ногата против мене.
10 А Ти, Господи, смилувај ми се, исправи ме, та да им возвратам.
11 По тоа ќе дознаам дека сум ти мил, кога непријателот мој нема да се погордее над мене;
12 а мене, пак, ме прифати поради мојата незлобивост и зацврсти ме пред Себе вечно.
13 Нека е благословен Господ, Бог Израилев, од века до век! Амин, амин!

Претходна статијаПЛУКАМ НА ТАКВИОТ ЖИВОТ! Старецот Пајсиј за магијата
Следна статијаМОЛИТВА ПРОТИВ УРОЦИ !