Старче, на што мислите кога велите:
„Нозете и рацете посветете ги на работа, но срцето – не.“?
– Мислам на тоа да не го подарувате срцето на материјалните нешта. Некои луѓе потполно се предаваат на тоа што е минливо.
Поминуваат цели денови планирајќи како што подобро да завршат некоја работа, но во сето тоа на Бог и не помислуваат.
Само да не дојдеме дотаму.
Користете ги рацете и нозете за работа, но не допуштајте умот да ви се оддалечи од Бог.
Не го давајте вашето битие, силата, срцето, на материјалните работи. Бидејќи така се станува идолопоклоник.
Ако е возможно, не се внесувајте со срцето во работите. Не го давајте на минливите, непотребните нешта.
Бидејќи како потоа да затрепери за Христос?
Кога срцето е во Христос, тогаш работите се осветуваат, а и човек во длабочината на душата секогаш е одморен и вистински радосен.
Своето срце користете го како што треба; не го растурајте залудно!
Старец Паисиј