Дали ќе има воскресение на мртвите?
• Навистина, старче, никогаш не сум слушнал толку мудри поуки и објаснувања – му рече co восхитување офицерот.
– Би сакал на крај да те запрашам уште нешто, но се плашам да не те изморам…
– Нe, дете мое, не ми претставува тоа напор! Прашај ме што сакаш.
– Слушнав двајца како разговараат за воскресението на мртвите.
Едниот рече дека ќе ги воскресне сите мртви од сите векови и секој ќе прими награда според делата свои.
А другиот го тврдеше спротивното и тоа многу убедливо.
Како сведоштво за тоа наведе и пророчки извадок од Светото Писмо:
‘Мртвите нема да оживеат, нивните сенки нема да станат’.
На крајот го наведе и својот соговорник да го промени мислењето… Оттогаш се разниша и мојата вера во воскресението на мртвите.
Затоа те молам да ми кажеш нешто, слуго Божји за тоа прашање, за да ја утврдам мојата душа Koja ce мачи и смутува co помисли и маловерие.
– Добро, зар ти веднаш веруваш во сѐ што ќе слушнеш? – строго го праша преподобниот.
– Да го отвореше Писмото ќе видеше дека пророкот малку подолу вели:
’Твоите мртовци ќе оживеат, мртвите тела ќе воскреснат’… Веруваш ли во тоа?
– Верувам, старче, во сѐ што ќе ми кажеш, бидејќи денес се уверив дека си пророк и ги познаваш длабочините на човечките срца.
– Таков си, значи? Еден збор те собори, друг повторно те подигна? He e тоа добро! – го укори преподобниот.