Шеста недела по Педесетница

Свето евангелие според светиот апостол Матеј

9:1-8

1. Тогаш Он влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна, во својот град.

2. И ете, донесоа при Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, на фатениот му рече: „Не плаши се чедо! Ти се простуваат гревовите твои!”

3. Тогаш некои од книжниците рекоа во себе: „Овој богохулствува.”

4. А Исус, штом ги разбра мислите нивни, рече: „Зошто мислите лошо во срцата ваши?

5. Или, што е полесно? Да кажам: »Ти се простуваат гревовите твои!« или да кажам: »Стани и оди!«?

6. Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштава гревови.” Тогаш му рече на фатениот: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!”

7. И тој стана, ја зеде постелата своја и си отиде дома.

8. А народот, кога го виде тоа, се зачуди и Го прослави Бога, Кој им дал таква власт на луѓето.

Претходна статијаНеблагодарноста и алчноста се големо зло – Старец Пајсиј
Следна статијаПреподобната маченичка Параскева (Римјанка)