СТАТИИ ЗА ВЕЛИКИ ПЕТОК – МП БОГОСЛОВИЈА
2. стих: Блажени се тие кои со сето срце ги исполнуваат Божјите заповеди.
Животе, зошто умираш
И в гроб лежиш?
Но, царството на смртта го разоруваш,
Од адот мртвите ги издигнуваш.
3. стих: По патишта Негови одеа оние што беззаконија не твореа.
Иисусе Царе,
Тебе Те величаме,
Гробот и маките ги почитуваме
Со кои не спаси од гниење.
4. стих: Господи , Ти си ни заповедал секогаш да ги исполнуваме Твоите заповеди.
Иисусе Спасе,
Земјата ја измери,
А денес в тесен гроб Ти обитаваш
И од гробот мртвите ги издигнуваш.
5. стих: Боже, ако ги исполнам Твоите заповеди. Прави ќе бидат моите патишта.
Иисусе Христе,
Ти си Цар на сите нас.
Што бараше при оние во пеколот?
Не човекот ли од зло да спасиш?
6. стих: Господи, не ќе се посрамам, ако внимавам на сите Твои заповеди.
Навидум мртов Е Господарот на се`
И в нов гроб како мртов е положен,
Празнејќи го сам гробот на мртвите…