Kалендар 32. Недела пред Богојавление! 15/01/2021 0 752 Свето евангелие според светиот апостол Марко Јован го објавува доаѓањето на Исуса Христа. 1 Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји, 2 како што е напишано кај пророците: »Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, кој што ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.« 3Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господа, израмнете ги патеките Негови. 4 Се јави Јован, крштавајќи во пустината, и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите. 5 И излегуваа при него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и сите се крштаваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови. 6 А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед. 7 И проповедаше, велејќи: »По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови. 8 Јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Дух Свети.«