Потребни состојки:
1 шолја просо, 500 гр. свежи урми, 100 гр. чоколадо, 150 гр. какао, 200 гр. ореви, 500 гр. исчистени вишни, 4 авокада, 3-4 лажици мед, 5-6 лажици кафеав шеќер, 1 лажица интегрално брашно, ликер од бадеми
тесто:
Просото се вари во 500 мл. вода. Откако ќе се излади, во смесата се додаваат 250 гр. свежи урми (претходно сомелени), 100 гр. растопено чоколадо, 50 гр. какао, 200 гр. мелени ореви, 3-4 лажици мед.
прелив:
На оган се ставаат 500 гр. исчистени вишни да зовријат со 5-6 лажици кафеав шеќер. Откако ќе врие 15 минути, во смесата се става 1 лажица интегрално брашно, растворено во малку ладна вода. Постојано се меша, а кога ќе згусне, се истура врз основата. Кога ќе се излади, одозгора се става фил.
фил:
4 авокада, 250 гр. урми, 100 гр. какао, малку ликер од бадеми. Се блендира со рачен блендер за да се добие хомогена смеса.
Наместо фил може да се стави чоколадна глазура.