МЕТОДИ ЗА ПОПРАВАЊЕ НА ЈАЗИКОТ

Обележје на духовното делување е – молчење co неосудување и скржавост на јазикот. Молчењето ќе ти донесе страв од осудување, страв од клевета и страв да не се каже за себе нешто лошо или добро, доколку неговиот темел биде – Исусовата молитва

Затоа што молитвата е основа на се’. Но, ќе претставува чисто губење на времето доколку не биде проследена co молчење, неосудување и избегнување на разговор за себе.

Покрај молчењето ќе се појави и љубов кон луѓето и љубов кон Бога и секогаш ќе имаме ревност кон Господа.

Најстрашната болест од која боледуваме е тоа што ја губиме ревноста. He’ обзема рамнодушност кон вечното спасение. И сето тоа затоа што нашата совест е запуштена, a e запуштена затоа што нашиот јазик е непристоен.

Тој зборува зло, осудува, празнослови и нема прибраност, поради што нема ниту покајание. А без исповед и покајание – целиот труд е залуден.

– Како да се избави човек од таквата состојба?

– Да почне да се моли и истовремено да забележува.

– А ако не може или не сака тоа да го прави?

– Желбата да се избави од таквата состојба треба да предизвика молитва.

– А доколку не го може ни тоа?

– Тука се препорачува читање на Светите Отци, бидејќи тоа може да опомене и да предизвика внимателност, посебно читањето на „Старечникот”, писмата на свети Теофан Затворник и др. На некои делува и читањето на Житијата на светиите.

– Кажавте дена без исповед и покајание секој труд е залуден?

– Исповед co молитва. Ако ги нема молитвата и плачот: „помилуј ме”, тогаш исповедта ќе биде само прераскажување.

Молитва co исповед – тоа ќе даде ревност. Исповед – тоа е Света Тајна покајание. Преку Светата Тајна покајание се дарува благодат која се вселува во човечкото срце.

Еве зошто оној што се кае треба редовно да се причестува: за да ја прими во себе благодатта од Светиот Дух.

„Дојди и всели се во нас и очисти не’ од секаква нечистотија…”. Дејство на благодатта од Светиот Дух. Затоа луѓето во светот никако не можат да напредуваат во духовниот живот.

Како прво, тие се молат сетилно: кога се молат задоволни се co себе, или пак молитвата им е сетилна co распуштена состојба на јазикот, а кога јазикот е таков, тука се и сите страсти: себељубие, навредливост, раздразливост, тврдоглавост, гнев.

– Секогаш треба да се молчи?

– Така постепено ќе се приберете и ќе можете да внимавате на себе.

– He е секое молчење исто, може да се молчи и од злоба.

– Молчењето треба да биде засновано на молитвен труд:

„помилуј ме”!

Многубошците исто така молчат и безбожниците молчат. Но тие молчат само поради егоизмот, од себесожалување, бидејќи гледаат само на себе и за своја полза или од огорченост. А таквото молчење е погубно.

Ако, пак, молчењето е засновано на молитва, тогаш тоа ќе биде Божјо молчење. Тогаш тука секако помага Светиот Дух и ангелот чувар. Тоа се две страшни и големи сили кои постепено го преродуваат човекот.

Во зависност од тоа како човекот ќе молчи, ќе се кае и ќе се моли (а тоа се трите основни работи), така и ќе се воздигнува од сила во сила и ќе ги отсекува корените на страстите кои го разоруваат спасението: себељубието, занесеноста, самоувереноста, самозадоволството, воодушевувањето од самиот себе, тврдоглавоста и гневот – сето тоа е гордост, нели?

Покрај стравот од Божјото Сеприсуство, оној кој молчи заради правда, никогаш нема да излаже или искористи. Тој, како што велат Светите Отци, не знае да излаже ниту еднаш во годината. Кога е принуден да излаже, прво добро ќе размисли и ако навистина тагува за себе пред Бога, никогаш нема да се согласи на такво нешто.

Колку е глупо и смешно и чудно кога велат: Јас љубам, затоа излажав”. He. He. Љубовта не знае за гнев. Љубовта не знае за обвинување, љубовта бара да се кажува само едно, вистината.

Таквиот никогаш нема да каже: „Жал ми е за човекот, ќе се навреди, натажи”. Нека се навредува и тагува колку што сака, Бог му е Судија, но нека сфати дека ова ќе му биде само од полза.

Се’ треба да уредуваме така што да водиме духовен живот, а не светски. Сеедно е што за нас ќе мислат и ќе зборуваат, затоа што човекот никогаш не треба да им угодува на луѓето.

Тој треба да се плаши од Бога, затоа што секако ќе мора да одговара: или на митарствата (ако биде лишен од христијански крај, т.е ако не се удостои co Причест на денот на упокоението, тогаш демоните ќе го задржат на митарствата и ќе му ја покажат сметката) или Бог претходно ќе го казни, од љубов кон него, за да ги искупи своите гревови, па дури и ситните, безначајни лаги.

– Ќе го казни за лагите?

– Да. Секоја лага е противприродна работа. Лагата е противприроден грев. Неприроден грев.

– А што е природен грев?

– Мрзливоста, па дури и блудот. Мрзливоста е природен грев, таа е поврзана за човечкото тело, за уморот. Бог простува.

– Бог попрво би простил мрзливост отколку и најмала лага? Дури и ако кажам „Старецот е болен”, a тoa всушност не е вистина? И ако го кажам тоа – Бог ќе ме казни?

-Да. Зборува, а не размислува. Животот му е расеан, распуштен, неприбран – и зборува што ќе му падне на ум.

Затоа се вели: несериозен живот, не само кога некој не се моли, не внимава на себе, не се кае, туку и кога сака да спие, да јаде многу, да се дружи co блудни помисли и блудни желби (тоа задолжително оди едно co друго) и секако, ако многу зборува, ако многу се шегува и се смее, ако се занимава co празни работи, ако чита непотребни работи, слуша музика, губи време на подготвување, на разубавување. Сето тоа е невнимателен живот.

– Зарем треба да го отфрлиме подготвувањето?

– Зависи кој подготвува. Ако ќелијникот не ја подготви ќелијата ќе биде казнет, затоа што е поставен на послушание. Но, ако ја дотерувам својата ќелија, тогаш ќе ме казнат и Бог и демоните.

И зависи од тоа како се подготвува. Може да се подготвува според совеста, а може и заради угодување, за да се добие пофалба:

„Спаси ме, Господи, од големото благодарам”, за да се добие дар или награда. Тоа е голем грев.

Јас тоа го направив затоа што сум задолжен, затоа што Бог ме постави на тоа послушание и да се очекува благодарност е – грев. Тоа треба да се исповеда: дека се подготвував и дека имав суетни помисли:

„Сигурно за ова ќе добијам награда; ако не ја добијам, за мене тоа ќе биде навреда”. Тоа е суета, тоа е суетен живот, a не духовен. Ете зошто ние во општожитието се учиме на добродетели и духовен живот, кој е толку скапоцен.

– Дали милоста е највозвишена добродетел?

– Да, тоа е неосудување, снисходење кон сите и оправдување на сите. Тоа е милост. А не само да се даде ситна пара.

Преку милостината можеме да се избавиме од маките, co милостина можеме да го измолиме Бога да не’ удостои co христијански крај. Александра се удостоила co христијански крај поради милостината и затоа што ја почитувала Божјата Мајка. Таа посебно ја почитувала Божјата Мајка и била многу милостива, чувањето воопшто не ја интересирало. Никогаш немала нешто свое. Таа била бела монахиња.

Милост – тоа е кога човек не знае да види зло, кога на сите им простува, кога сите ги оправдува, сите ги сожалува. A пари ќе дава секако ако може.

Но монахот… тој нема пари, затоа што нема никаква сопственост. Тој дава милостина кога никого не навредува, кога на сите им простува, сите ги оправдува, сите ги жали и сите ги смета за поголеми од себе. Ете зошто тој не знае да се гневи и да осудува. А кога некого го осудуваат, тој брза да го заштити и оправда.

– Како?

– Ако пред него некого го осудуваат, тој отворено го брани, бидејќи не може да поднесе некому да му прости, а да не го оправда. Сета негова радост, сета негова суштина на духовниот живот е љубов кон луѓето, љубов кон Бога. А тоа значи – сите да ги оправда, на сите да им прости и знае да не забележи ништо лошо.

Ние, пак, се однесуваме сосема спротивно. И тоа е доказ дека не живееме духовно.

Ако го забележуваме лошото, ако го гледаме лошото (и го прераскажуваме), тогаш тоа е доказ дека не живееме духовно, дека не се молиме, дека не љубиме, дека во нас нема љубов.
А тоа е најстрашно!

Затоа прибраниот човек, пред се’, е милостив. Тој ништо нема – се’ раздава- тој има потреба, голема потреба да дарува. И тоа поради љубовта кон човекот. И не само потреба да дарува, туку и да заштити, прости, оправда и ништо лошо и зло да не гледа кај ближниот.

Јован Кононов бил таков. Затоа демоните се плашеле од него. Се мачеле co него – како да му пристапат на старецот. Во зима ја соблекол кошулата: „почекај, да отидам позади аголот да ја соблечам”. Зима! Ја слекол кошулата и му ја дал на сиромавиот. Се’ однел од дома. Неговата ќерка велела: „Тато беше нашиот мачител, ништо не оставаше, ниту малку шеќер, ни брашно – ништо, се’ раздаваше”.

Го обвинуваа дека е психички пореметен човек. He! Toa беше така бескрајна љубов кон Бога и кон луѓето.

Ако пред него некој каже нешто лошо за некој друг, тој ќе го удри – no образот – и вели: „види се себеси!” Каде и да се наоѓа пред луѓе, на маса, сеедно.

Старец Сампсон

подготви Мина Даниловска

Претходна статијаЗАПОЧНЕТЕ ОД НАЈТЕШКИОТ СВОЈ ГРЕВ И НАВИКА ( здравјето ни е потребно заради покајание)
Следна статијаДАЛИ ДА ПОМАГАМ МАТЕРИЈАЛНО НА ОНОЈ КОЈ ПИЕ ИЛИ КОЦКА…( На прашања од наши читатели одговара отец Горан Стојчевски)