СМРТ И ВРАЌАЊЕ ОД ОДОНДЕСТРАНИОТ СВЕТ

 

Случајот беше ваков.

Повикаа свештеник кај старец што умира, во село. Тој го исповеда, го причести и не поминаа два часа, старецот се упокои.

Роднините го избањале, го ставиле на маса и отишле no ковчег. Кога се вратиле старецот седел на својот кревет и ги гледал:

„Викнете го свештеникот, имам еден грев што заборавив да го исповедам. Господ ме врати во тело за да можам да се покајам за тој грев!”

Отрчале по свештеникот:

„Отче, Господ ме врати во тело. Заборавив да исповедам еден грев. Кога излегов од телото, ме поведоа и co мене одеше еден светол ѓакон. Me однесоа на поклонение пред Господ Бог и јас слушнав глас:

,3ошто го донесовте, вратете го назад. Тој не се покаја за еден грев!’

Се разбудив и гледам лежам на масата. Се симнав од неа и седнав на креветот. Еве, отче, слушни. Заминете сите, треба да се исповедам!”

Сите си заминале, ја затвориле вратата.

„Ете тој и тој грев заборавив да го кажам…”

Отецот ја прочитал разрешната молитва, селанецот ревносно се прекрстил и си легнал.

„Ете сега ќе заспијам”. Легнал и ја испуштил душата.

Каква побожност, сфаќате ли? Каква вера?

Каква простодушност и каква сила на православието! Нека се обидат така Англиканите или Германците така да умрат! Го нема тоа кај нив! Само кај православните!

Обичен селски старец, едвај писмен.

А оној ѓакон, како што тој кажал, тоа е секако, ангелот чувар.

A за демоните ништо не кажал, сигурно не ги видел. Тој во својата простодушност целиот живот го поминал спасувајќи се.

Заради еден грев кој заборавил да го каже, Господ го вратил на земјата во тело за да ни ја проповеда нам, секако, вистината на Православието.

Личи на бајка, нели?

– А каква би била општатa исповед?

– Таа нема сила. Таа не разрешува гревови, туку само потсетува на гревовите, тие расправаат, философираат, раскажуваат некои работи кои немаат врска co покајанието.

И што! Само за грев на свештеникот и на луѓето и на архиерејот!

Пренесено од книгата “Старец Сампсон – Поуки и беседи”

Претходна статијаЗОШТО НАШАТА МОЛИТВА СТАНУВА ЧИТАЊЕ, А НЕ МОЛИТВА?
Следна статијаГРЕВОТ СЕ НАРЕКУВА „МРАВКА – ЛАВ“ – ДВАНАЕСЕТ СТЕПЕНИ НА ГРЕВОТ (…Ете, невидлива прељуба! – Старец Клеопа)