ПРОСТУВАЊЕ (01.03.2020 00:30)

Духот на непростување води уште најмалку два духа со себе, дух на самооправдување и дух на осудување.

Значи, оној што не простува има легион, има најмалку три нечисти духа во себе.

За таквиот веќе велиме и дека е опседнат од нечистите духови. Од колку други зли духови ќе биде обземен некој, зависи и од големината на позицијата и улогата што ги има во заедницата.

Духот на непростување, кој се пројавува и во неспособноста да се побара простување, е еден од најблиските службени духови на најглавниот паднат ангел.

Аскетското простување е знак дека не сме опседнати од паднатите духови.

Срдечното простување, односно неспособноста да му се лутиме некому, е знак на отворено и јасно присуство на благодатта на Крштението во нашето срце.

Благодатта Божја, пак, природно ја привлекува енергијата на умот кон нејзината суштина во срцето при творењето на Исусовата молитва.

Природно ја привлекува, а истовремено е натприроден дар на Богородица и Приснодева Марија.

(дел од беседата на Митрополитот Струмички Наум)

 

Претходна статијаНе треба да бидеме убијци на телото, туку убијци на порокот!
Следна статијаДали постапувам исто како и Христос што постапува со оние што го повредуваат?