
Некои велат дека дрвото на непослушноста беше смоквата зашто, сознавајќи ја својата голотија, тие се покрија веднаш, служејќи се со нејзините лисја. И тоа би била и причината поради која Христос ја проколнал смоквата, небаре таа била причината за престапот, бидејќи има некаква сличност со гревот; прво, сладоста на плодот; потоа, суровоста на лисјата и, најпосле, лепилото што излегува од нејзиното млеко.
Следат, исто така по ред, настаните од Новиот завет, од кои прв е Благовештение кое, според неискажливата Божја икономија, речиси постојано наоѓа место во светиот Пост; потоа доаѓаат Лазар и Цветници, Светата и Велика седмица, читањето на светите Евангелија и песните што ги опејуваат подробно светите и спасоносни Христови Страдања;
Песна 9