„Моралниот карактер на возрасниот човек – тоа е она што човекот го направил и го прави сам со себеси.
Душата – тоа е земја.
Човекот е земјоработник на својата душа.
Ако во душевната земја се сее зборот Божји, зборот на Вистината и Правдата и љубовта Христова, плод е сладок, радосен – како за самиот човек, така и за оние кои го опкружуваат.
Ако, пак, човекот во својата душа го сее коровот на злото, оттаму ќе израсне валкана, отровна трева во духот, која ќе го мачи и него и другите луѓе.
Душата можеме уште да ја замислиме и како глина, а човекот – како вајар.
Вајарот од глина ваја човечки лик.
Така и човекот од своите душевни особини и способности ваја – или лик човечки, или ѕверски. “
Св. Јован Шангајски