ВЕРА (Свети Игнатиј Брјанчанинов )
Кој не верува во Синот Божји?
Не само оној што отворено и одлучно Го отфрла, туку и оној кој што се нарекува себе си христијанин, но, води грешен живот и ужива во телесните наслади;
оној, кому стомакот му е Бог,
оној, кому среброто и златото му се бог,
оној кому земната слава му е бог,
оној што земната мудрост, непријателска за Бог, ја смета за бог.
Без отфрлање на самиот себе, човекот не е способен за вера; неговиот паднат разум и се спротивставува на верата и дрско бара објаснување од Бог за Неговите дела и докази за вистините, кои Он му ги открива на човекот.
Паднатото срце сака да живее паднат живот, кон чие умртвување се стреми верата; телото и крвта, без разлика на тоа што можеби следниот час им претстои заминување во гроб, исто така сакаат да живеат свој живот, живот на пропадливост и грев.
Верата е природно својство на човечката душа, која во неа ја посадил Милосрдниот Бог за време на нејзиното создавање.
Мртва вера и познавање на Христа само со неволно интелектуално убедување, може да им припаѓа и на демоните!
Таквата вера на верниот ќе му послужи само за уште поголема осуда на Христовиот суд.
„ О, што имаш Ти со нас Исусе Назарејче! – му велел нечистиот дух на Господа
– Си дошол ли да не погубиш? Те знам Кој си Ти, Светец Божји“
(Марко 1, 24).
Верата во Евангелието треба да биде жива; треба да се верува со умот и со срцето, да се исповедува верата со уста, да се изразува и да се докажува со живот.
Православната вера во Христа, запечатена со Светата Тајна Крштевање.
Во догматите Богословието е предадено од страна на Бог. Отфрлањето на догматите е богохулење, кое се нарекува – ерес.
Кога умот, кој сеуште не е исчистен со покајание,
кој сеуште блудее во мрачната област на падот,
кој сеуште не е просветлен и воден од Светиот Дух, се осмели сам од себе, со сопствените слаби сили, од мракот на гордоста да расудува за Бог, тогаш тој, неизоставно паѓа во заблуда. Таквата заблуда е богохулење!
За Бог можеме да го знаеме само она што Он, по своето големо милосрдие, ни го открил.
Со Светите Тајни на христијанската Црква, верниот христијанин се доведува до соединување до Божеството, во што е вистинското спасение, печат на верата и отаму примање на залог за вечни богатства.
Подготви: Мина Даниловска