„А да благодариме наутро, кога стануваме, за дочекот на новиот ден;
да благодариме за дишењето, за здравјето, па и кога сме болни, зашто тогаш ни се дава можност за познавање на своите гревови и за покајание;
да благодариме за секој залак храна, за секоја капка вода, за сонцето, за дождот, за разумот, за семејството, за сè кое што сме и кое го имаме.
Да не забораваме да благодариме на Бога особено навечер, пред легнување, за денот кој поминал, и никогаш да не се уподобиме на деветмината наблагодарни лепрозни, кои нашиот Спасител ги излекувал.
Амин!“
Свето евангелие според светиот апостол Лука
17:11-19
11. А кога одеше за Ерусалим, Он поминуваше меѓу Самарија и Галилеја.
12. И кога влегуваше во едно село, Го сретнаа десет лепрозни и застанаа подалеку,
13. па со силен глас повикаа: „Исусе Наставниче, смилуј се!”
14. Штом ги виде, им рече: „Отидете и покажете им се на свештениците!” И тие, одејќи, се очистија.
15. А еден од нив, кога виде дека е излекуван, се поврати и Го прослави Бога гласно;
16. и падна ничкум пред нозете Негови, благодарејќи Му. А тој беше Самарјанин.
17. Исус, пак, одговори и рече: „Зар не се излекуваа десетмина? Каде се деветмината?
18. Како не се најдоа да се вратат и другите и да Му заблагодарат на Бога, туку само овој туѓинец?”
19. И му рече: „Стани, оди си! Твојата вера те спаси!”