Припомнете си колку личности и ќивоти згрбавени од алкохолизмот и дрогите ги исправила моќта на живиот Христос.
Припомнете си на животот на св. Петар згрбавен од тројно одрекување од Учителот, исправен од Исуса до толку што можел да стане голем апостол на верата кој рекол: „Господи, знаеш колку те љубам“.
Припомнете си на жената од улицата која била згрбавена под големиот товар на вината.
Таа ги миела нозете на Учителот со своите солзи и ги бришела со својата коса. Кога станала била нова личност затоа што Великиот Лекар ѝ простил и го исправил нејзиниот искривен живот.
Припомнете си на разбојникот распнат до Христа – неговиот живот бил потполно згрбавен од гревот. Пред да умре, со последниот здив кажал молитва:
„Господи, спомни си за мене“.
Одеднаш големата љубов Божја се влеала во неговото срце и го чул ветувањето: „Ќе бидеш со мене во царството небесно“.
(Извадок – Бигорски манастир)
Свето евангелие според светиот апостол Лука
13:10-17
10. Во една од синагогите поучуваше Он во сабота.
11. И ете, дојде една жена која беше опседната од дух на немоќта осумнаесет години; таа беше згрбавена и никако не можеше да се исправи;
12. штом ја виде Исус, ја повика и ? рече: „Жено, се ослободуваш од болеста своја.”
13. И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога.
14. А старешината на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во сабота, одговори и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш доаѓајте и лекувајте се, а не во саботен ден!”
15. Но Господ му одговори и рече: „Лицемере, не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои?
16. А оваа ќерка Авраамова, што ја врзал сатаната еве веќе осумнаесет години, не требаше ли да се ослободи од тие врски во саботен ден?”
17. И кога го зборуваше ова, сите што беа против Него се засрамија; а целиот народ се радуваше за сите славни дела, извршени од Него.