Гордост – смирение
„…Во првата година по добивањето на Светиот Дух, јас мислев: Господ ми ги прости гревовите. Благодатта сведочи за тоа.
Што уште ми е потребно?
Но, не требало така да мислам. Иако гревовите се простени, целиот живот треба да се сеќаваме на нив и да страдаме, за да ја сочуваме скрушеноста.
Јас не правев така, и престанав да се скрушувам. И многу претрпев од демоните.
И бев во недоумение, што се случува со мене. Мојата душа Го знае Господ и Неговата љубов. Како тогаш ми доаѓаат лоши помисли?
Но Господ се сожали на мене и Самиот ме научи како треба да се смирувам: „Држи го својот ум во пеколот и не очајувај”. Со тоа се победуваат непријателите.
А кога со умот излегувам од огнот, тогаш помислите повторно добиваат сила. Кој, како мене, ја загубил благодатта, тој нека се бори мажествено со демоните.
Треба да знаеш дека си виновен ти самиот:
падна во гордост и славољубие,
и Господ милостиво ти дава да познаеш што значи да бидеш во Светиот Дух, и што значи да бидеш во борба со демоните.
Така душата преку опит ја познава штетата од гордоста, и тогаш бега од славољубие,
од човечките пофалби,
и од помислите.
Тогаш, душата почнува да оздравува, и се учи да ја чува благодатта.
Како да разбереме дали душата е здрава или болна?
Болната душа е горделива, а здравата душа го сака смирението, како што ја научил Светиот Дух.
И иако не го знае тоа, се смета себеси за полоша од сите….“
Свети Силуан Атонски