ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕТО НА РОДИТЕЛИТЕ И ЗА ЛАЖНОТО СВЕДОЧЕЊЕ

ПОЧИТУВАЈ ГО ТАТКОТО СВОЈ И МАЈКАТА СВОЈА ЗА ДОБРО ДА ТИ БИДЕ И ДОЛГО ДА ПОЖИВЕЕШ НА ЗЕМЈАТА. – ПЕТТА ЗАПОВЕД

Ги сакаш ли, ги почитуваш ли, ги слушаш ли своите родители?

Да не си се однесувал кон нив грубо, без почитување?

Да не си ги обманувал, озборувал?

Да не си ги осудувал или на било кој начин навредувал?

 

Гревови на децата кон родителите

 

– Студен однос кон родителите.

– Непослушност кон родителската волја.

– Грубо однесување кон родителите.

– Прекорување и озборување на родителите.

– Пренебрегнување на родителските молитви и благослови.

– Запоставување на молитвите за родителите.

– Проколнување на родителите.

– Избегнување на родителските совети или заборавање на нив.

– Заминување од куќата без знаење на родителите.

– Озборување на строгите родители, непочитување и презир кон нив.

– Лажен срам заради необразованоста на своите родители.

– Непочитување кон свекрвата, свекорот, очувот и маќеата.

– Подигање рака на родителите, на пример, во пијана состојба.

– Таткоубиство. Тоа посредно се врши преку убиствената жалост што ја предизвикуваме кај родителите со своето однесување или со некоја тешка постапка.

– Неисполнување на последниот долг кон родителите т.е. неучествување во нивното погребување, како и нивно неспомнување за покој на душата, особено во деновите што се за тоа предвидени.

– Нарушување на родителскиот завет.

НЕ СВЕДОЧИ ЛАЖНО НА БЛИЖНИОТ СВОЈ – ДЕВЕТА ЗАПОВЕД

Дали против некого лажно си сведочел на суд?

Дали си ги клеветел своите колеги пред претпоставените?

Дали си ги клеветел своите роднини и познајници?

Да не си ги откривал пред други туѓите пороци и да не си валкал некого во друштво?

Имаш ли навика да прислушкуваш, ѕиркаш, поткажуваш?

Сакаш ли да слушаш сплетки, расправии и по нив да судиш за луѓето? Не ги пренесуваш ли сплетките од куќа во куќа?

Сакаш ли да ги раскаруваш луѓето, зборувајќи му на едниот против другиот?

Сакаш ли да ги исмеваш луѓето и нивните зборови и постапки да ги прикажуваш во грда светлина?

Дали строго осудуваш нечии недостатоци?

Дали си лицемерен?

Сакаш ли некому во очи да му ласкаш, а зад грб да го осудуваш?

Дали им се додворуваш на оние кои се на повисока положба?

Не измислуваш ли невистини и им ги пренесуваш на другите?

Да не си работел нешто спротивно на законот?

Да не си ги обманувал претпоставените или родителите?

Да не си ги откривал тајните што ти се доверени на нечија штета?

Правиш ли добро само за другите да те видат и да те фалат, а не заради љубов кон Бога и ближниот?

( Од „Покајанието – Пат во Царството Божјо“ – Старец Филотеј Зервакос)

Подготви М.Д.

Претходна статијаПОКАЈАНИЕ (На светот не постои безгрешен човек)
Следна статијаБратот мој падна? И јас паднав…! (Старец Порфириј)