Молитва на Богородица:
О, пресвета Владичице моја Богородице, небесна Царице, наша добра и сигурна надеж, најблагословена Дево Маријо!
Ти си тврда ограда и покров на оние, што се изгубија во вртлогот на овој свет.
Ти си спасение на грешниците, ти си одбрана и заштита на сиромасите, ти си застапница на туѓите, странците, на голите облека, на гладните храна и помош, ти си утеха и радост на тажните и на жалните.
Ти си, чудна Дево, покровителка на оние, што те навредуваат и гонат, ти исцелуваш болни и на сите што ќе западнат во некаква беда и напаст, ти си им помошничка и застапничка.
О, најмилостива Госпоѓо, Пречиста Дево Богородице, ja гледаш мојата мака и неволја, мојатa тага и опасната напаст:
помогни ми мене, сиротиот и слабиот, тажниот и жалниот, заборавениот и очајниот.
Ти се молам, прогони ги од мене жалта и тагата, помогни ми мене, бедниот страдалник.
Ти ја знаеш мојата мака и мојата неволја, па, пренепорочна Дево, прогони ја од мене така како што тебе ти е пријатно и како што ти можеш.
Ти се молам, не дозволувaj да паднам во очај; зашто јас немам никој, кој би ми помогнал, никој освен твојот Син, предвечниот младенец Господ Исус Христос и Тебе, о Мајко Божја, Владичице и Царице на целиот свет.
Затоа и молбено гледам на твојата света икона, каде што си ти co предвечниот младенец Исус, па co длабока воздишка од целата душа и co смирено срце ти се молам, пречиста Богомајко, паѓам на колена и ничкум до земјата ja наведнувам својата глава, па срдечно ти се молам:
погледни co милостивото око, велепејна Богородице и услиши ме, преблага Богомајко, не ме отфрлај, туку помилувај ме, покри ме co твојот чуден покров, не згрозувај се од мојата срдечна воздишка; туку помогни ми, спаси ме од секое зло, дарувај ми душевно и телесно здравје,
упатувај ме на секое добро, особено на извршување на светата Божја волја и побожно постапување, утврди мир, слога и љубов помеѓу луѓето,
сочувај ме во светата христијанска вера и во добра надеж и сочувај ме од секаква несреќа.
Затоа што, никој што ти се моли не останува без Твојата помош и секој го добива тоа што го проси од тебе co вера и љубов.
Избави го, заштити го, одбрани го и помилувај го, Пресвета Богомајко, недостојниот твој слуга, кој те моли, фали и велича, амин!
Пренесено од книгата “Животопис на Пресвета Богородица”
Подготви М. Д.