„…Погледнете сега колкава e верата на жената незнабожечка! Таа излезе да го пресретне Господа; таа го нарече Христа Господ и син Давидов.

Нема сомневање дека таа слушнала за Христа Чудотворецот, бидејќи гласот за Hero ce ширел и по околните народи. A сега таа дознала дека Тој дошол во тие краишта.

Co голема радост и силна вера потрчала кон Hero. Евангелистот Марко пишува дека Господ влезе во една куќа, ‘зашто сакаше никој да не Го узнае’.

Очигледно е дека Господ co тоа сакал да покаже уште повпечатливо колкава e верата на незнабошците. Тој не се наметнува, а луѓето сами ќе го бараат. Уште повеќе: Тој ќе се крие од незнабошците, но не ќе може да се скрие.

„Но не можеше да се сокрие”. Силната вера на жената Хананејка го пронајде.

Народот што Тој го повикуваше, не му дојде, додека луѓето што живеат во ‘темнина u смртна сенка’ го бараат; го наоѓаат дури и тогаш кога Тој од нив се крие.

Внимавајте! Жената не вели:

смилувај се на ќерка ми, туку: ‘Помилуј ме, Господи!’ Ќерката e без ум, неа ja мачи ѓаволот, а мајката го моли Христа Господа нејзе да и’ се смилува.

Зошто?

Затоа што во своето лудило ќерката не знае ништо за себе; таа и не ја чувствува маката што, како свесна, ja чувствува нејзината мајка.

Истовремено од овие зборови се гледа и големата мајчина љубов кон ќерката. Злото врз детето мајката го доживува како сопствено зло. Оној што ќе се смилува на нејзината ќерка, ќе се смилувал на неа, несреќната мајка.

Во таа страшна положба на мајката кој воопшто би можел да стори каква и да e милост за неа, a да не стори милост за страдалната ќерка?

Нема сомневање дека поради избезумената девојка e жалосно и целото семејство, сите роднини и пријатели на нивната куќа. Нема сомневање дека соседите се повлекуваат настрана, a непријателите се злорадуваат.

Куќата e пуста како гробишта. Од неа се слушаат безумни извици и бесмислен смев на лудата ќерка.

Зар жалната мајка може да мисли, да зборува и да моли за нешто друго?

А можеби е свесна и за некој сопствен грев, на чија сметка би можела да го стави злото што ја снајде нејзината ќерка.

Затоа и вели: ‘Помилуј ме Господи!’

‘A Он не и’ одговори ниту збор’. Христос немаше обичај да не одговара на прашања и на молби на луѓето. Тој му одговараше дури и на сатаната, својот искушувач во пустината.

Единствено ги премолчи прашањата на своите неправедни судии и мачители: Кајафа и Пилат. Зошто тогаш молчешкум преминува преку молбата на оваа несреќна мајка?

За да им се отворат очите на оние што не гледаат и да го видат тоа што Тој го гледа. За жената да ja изрази што посилно својата вера во Hero, и тоа да го видат и сознаат сите што се во Неговата придружба.

‘И пристапувајќи до Него, учениците Негови Го молеа u велеа: Отпушти ја, оти вика по нас. А Он одговори и рече: Јас сум пратен само при изгубените овци на домот Израилев’.

Колку мудро стори премудриот Господ што веднаш не и’ ја исполни желбата на жената и што ја премолчи молбата! Веќе се јавува сожалување кај учениците спрема бедната молителка.

Отпушти ја – значи: или исполни и’ ја молбата или јасно одби ја, за да не вика пo нас. Ha оваа молба на учениците Господ одговара дека е испратен само кон загубените овци на Израилот – народот еврејски.

Зошто Господ така одговара? Најпрвин затоа да покаже дека Бог му e верен на својот завет; второ, затоа кај учениците да предизвика размислување дека и незнабошците се деца на живиот Бог и дека и тие имаат потреба од помош и спасение.

Co ова Тој уште им дава можност на учениците, преку оваа бедна жена co силна вера, самите да се побунат против еврејските ограничени сфаќања дека Бог води грижа само за Евреите и дека Toj e Бог само на Евреите.

Господ намерно зборува како што зборуваа сите Евреи, за да се замислат учениците и сами да дојдат до сознание дека сфаќањето на нивниот народ e погрешно; дека тоа сфаќање e дотолку повеќе погрешно, бидејќи нивниот народ отпаднал од Богa и Христа Господа го отфрлил и презрел. Господ Исус Христос не сака да ги учи своите ученици само co зборови, туку и co живи настани од секојдневието.

Наместо зборови, во овој случај го користи настанот co жената мајка, за тој да стане незаборавна поука за учениците. Тој затоа ја премина границата на еврејската земја и дојде во краиштата незнабожечки, за да ги поучи co овој голем настан своите следбеници. A жената Хананејка уште повеќе ја искажува својата непоколеблива вера во Христа Господа:

‘Ho таа кога пристапи My се клањаше и велеше:

Господи, помогни ми!’ Таа била уверена дека, ако Христос не и’ помогне, никој друг на светот не ќе може да и’ помогне. Несомнено дека жената била кај сите тогашни лекари и ги употребила сите безбожнички гатачки, но без успех.

Побеснетата ќерка остана побеснета. Ho, тука е исцелителот на сите маки и болести! Таа слушнала за Hero; таа верувала во Hero и пред да го види.

Но сега, кога го виде, во неа се повеќе и повеќе се разгоруваше верата во неговата божествена моќ.

Тој може што никој друг не може;

Тој сѐ може, само ако сака!

Жената силно верува дека Тој може и се труди да ја придобие Неговата волја, за да го стори
тоа што само Тој може – Тој и никој друг на светот.

Затоа, кога Тој ја премолчува нејзината прва молба и кога не се осврнува дури ни на молбата на своите придружници, таа истрчува пред Hero, паѓa на колена и вика: ‘Господи, помогни ми!’

A Он, одговарајќи и’, рече:

‘He e добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата’. Страшен збор!

Но Господ не зборува од себе, туку зборува co јазикот на современите Евреи, кои само себеси се сметаа за деца Божји, a другите народи за кучиња.

Co ова Господ сака силно да ги револтира своите ученици против злобната исклучителност на Евреите. Co ова Господ сака во душите на своите ученици да ја разбуди онаа мисла што подоцна самиот им ја упати на книжниците и фарисеите:

„Тешко вам, книжници u фарисеи, лицемери, затоа што го затворате царството небесно пред луѓето; оти, ниту вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние, што сакаат да влезат” (Мат. 23, 13)!

Ете, оние што беа наречени деца станаа како кучиња, а оние што се сметани за кучиња, се враќаат и стануваат деца Божји. Се разбира, Господ не сакаше да ги укори само Евреите, туку и незнабошците.

Поради сопствената злоба Евреите ги нарекоа кучиња, но во тоа име постои и вистина. Бидејќи незнабошците во Тир и Сидон, како и оние во Египет и во други места, многу одамна отстапија од вистинскиот и живиот Бог и им се предадоа во служба на демоните, кои и се кучиња, полоши дури и од сите кучиња. Христос co ова не ја укорува лично оваа страдална жена, туку нејзиниот народ и сите идолопоклонички народи кои им служат на демоните преку кипови и други мртви предмети, преку гатања и разни нечисти жртви.

Тогаш оваа исклучителна жена – co вера поголема од верата на избраните Евреи и презрените незнабошци – му одговори на Христа Господа:

,Да Господи, но и кучињата јадат од трошките, што паѓаат од трпезара на нивните господари”.

Колку возвишено одговора оваа смирена жена! Таа не одрекува дека самата им припаѓа на оние народи што можат да се наречат кучиња. Ниту пак се стеснува Евреите да ги нарече господари.

Таа многу бргу ги сфати сликовитите и преносни зборови на Христа Спасителот. Зашто од големата вера доаѓа и мудроста; од големата вера произлегува и соодветниот збор.

Поради нејзината кроткост пред Христа Господа и преголемата љубов кон сопствената болна ќерка, таа не беше навредена co тоа што e наречена куче.

Навистина, кој од грешните луѓе пред пречистиот Господ не би се почувствувал како нечисто куче?

Секој оној што и во сета своја грешна нечистотија има зрак на вера. Незнабожечкиот капетан во Капернаум му рече на Христа:

‘He сум достоен да влезеш под мојот покрив!’ A сега оваа жена незнабошка не се срами да се нарече себеси куче пред Господа.

Сѐ додека човекот не се почувствува грешен, не може ниту еден чекор да направи кон своето спасение. Многу светители на Црквата, почисти и посветли од безброј други луѓе, не се срамеа самите да се наречат кучиња.

Така чувствуваат сите навистина разбудени луѓе, кои се отрезнуваат од пијанството на земните и телесните страсти и ja согледуваат сопствената ништожност во калта на гревот.

Сѐ додека човекот тоа не го почувствува, тој се лулка во засмрдената колевка на гревот и не може ниту да ја види потребата од вера ниту пак да има вера.

Сѐ додека кучето не почувствува срам оти e куче, нема да посака да стане лав; и сѐ додека на жабата не и’ засмрди калта во која живее, не ќе посака да се издигне и да лета како орел.

Сирота жена од оваа приказна длабоко ја почувствува немоќта на незнабожечкиот свет, неговото понижение, неговата извалканост, калта и срамот на целото негово битие.

Таа копнеела за нешто помоќно, посветло и почисто. Тоа за кое копнеела наеднаш и’ се откри во Христа, и тоа во најголема мера, и во најсилен сјај.

Затоа таа не отстапува од Hero; затоа и поднесува Тој да и’ каже дека му припаѓа на родот кучешки. He само што поднесува, туку и самата признава!

Но во сета недостојност на своето потекло, таа бара барем трошки од оној животодавен леб што му го испрати Бог на Израилот. Лебот e Христос, a трошките се макар и најмала милост Негова. Гладните кучиња што немаат ниту една трошка, ќе се задоволат и со трошките.

“О, жено! Голема е твојата вера; рече Господ, – нека ти биде по желбата твоја”! И во тој час оздраве ќерката нејзина.

Пренесено од книгата “Омилии” Недела седумнаесетта по Духовден

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаМОЛИТВАТА НА МИТАРОТ СПАСУВА!
Следна статијаСмирениот човек е најсилниот човек на овој свет!