ГРИЖА ЗА ДЕТЕТО КОГА РАСТЕ
`…Една од трагедиите на нашето време е што многу деца кои растат немаат никаква или имаат негатвна претстава за таткото, а тоа претставува опасност по нивниот однос со Бога, Небесниот Отец.
Татковците треба да се потрудат да им посветат повеќе внимание на своите деца. Кога детето бучно плаче, или родителите ги држи будни по цела ноќ или ги оневозмоува да присуствуваат на цела Литургија,
тие треба да се трудат никогаш да не заборават дека тое е дете е Божје создание, Божјо дете, дар Божји та со такви мисли да ја совладаат лутината на бебето.
Првите три години од животот на детето се клучни за неговиот раст-телесен, душевен и духовен. Впрочем во текот на овие три години се обликува карактерот на детето, што од родителите изискува големи напори-но, секој напор е вреден на својот труд.
Светиот Јован Златоуст вели:
„Работи вредно, бидејќи работиш за себе; бидејќи животот ќе ти биде полесен ако децата ти се исполнети со доблести”.
Отец Јован Кронштетски пишува:
„Не ги оставајте децата без внимание кога се работи за искоренување на плевелот на гревовите,
городоста, лукавите и хулни помисли,
грешните навики, склоностите и страстите од срцето нивно, бидејќи нечестивиот и грешното тело не ги штедат ни децата, та семето од сите гревови се наоѓа и во децата.
Претставете им ги на децата сите опасности од гревовите на патот на животот и не го сокривајте од нив значењето на гревовите, за да не се зацврснат поради незнаење и неразбирање во грешни навики и страсни приврзаности, кои се повеќе јакнат и носат лоши плодови, кога децата возраснуваат”.
Сестра Магдалена – ГРИЖА ЗА ДЕТЕТО КОГА РАСТЕ
(извадок од книгата)