Секој човек во овој свет мора да реши еден проблем:
да биде со Христос или да биде против Него.
И секој човек ја донесува оваа одлука, без разлика дали сака или не.
Или ќе Го возљуби Христос или ќе се бори против Него.
Не постои трета опција.
свети Јустин Ќелиски
+++
Неопходно е да се бара само една работа: да се биде со Христос. Човекот што останува со Христос е богат, па дури и материјално да е сиромашен.
Кој повеќе го посакува земното од небесното, го губи и земното и небесното. Но, оној што го бара небесното е Господ на целиот свет.
свети Игнатиј Брјанчанинов
+++
Душата што го познала Бог повеќе ништо не посакува во целост, ниту се приврзува кон нешто земно;
дури и кога пред неа би ставиле царство, таа нема да го посака, зашто љубовта Божја ѝ дава таква сладост и радост на душата што дури ни животот на еден цар не би можел да ѝ понуди каква било наслада.
свети Силуан Атонски
+++
Душата што Го љуби Бог почива во Бог и само во Бог. Луѓето не стекнуваат мир на ниту еден пат што го изодуваат во светот сѐ додека не се доближат до надеж во Бог.
свети Исак Сирин