НЕМОЈТЕ ДА МИСЛИТЕ ДЕКА СТЕ УМРЕЛЕ ЗА ГРЕВОТ…

„Сѐ додека борбата продолжува, човекот е исполнет со страв и трепет, прашувајќи се дали денес ќе победи или ќе биде поразен, дали утре ќе победи или ќе биде поразен:

борбата и напнатоста го притискаат неговото срце.

Но кога ќе достигне бестрастие, борбата завршува;
тој ја добива победничката награда и повеќе не чувствува немир за трите што биле поделени, зашто сега, преку Бог, тие се помириле една со друга.

Овие три се: душата, телото и духот.

Кога тие ќе станат едно преку енергијата на Светиот Дух, не можат повторно да бидат разделени.

Значи, немојте да мислите дека сте умреле за гревот сѐ додека трпите насилие од рацете на своите противници, без разлика дали сте будни или спиете.

Зашто сѐ додека човек се бори во арената, не може да биде сигурен дека ќе победи.

Кога умот ќе зајакне, подготвен е да се стреми кон љубовта што ги задушува сите плотски страсти и која што спречува што било противприродно да завладее со срцето.

Тогаш умот, борејќи се против тоа што е противприродно, го одделува од она што е природно.“

Св. Исаија Отшелник

Претходна статијаЗА ОТЕЦ АГАТОН И СМИРЕНИЕТО
Следна статијаСТАВОТ НА ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ЗА СУРОГАТНОТО МАЈЧИНСТВО!