БЕСЕДА ЗА ТРИНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА
ПАРАБОЛА ЗА ЗЛИТЕ ЛОЗАРИ
Свештеник Анатолиј Куликов: “Ние сме соработници кај Бога”
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух,
“Чујте друга парабола!
Имаше еден човек домаќин, кој насади лозје, го загради со плот, ископа бубар, направи кула и, откако го предаде на лозарите, си отиде. И кога наближи времето за брање, тој ги испрати при лозарите своите слуги, за да му ги приберат плодовите.
Но лозарите, кога ги фатија неговите слуги, едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот со камења го засипаа. Тој сега испрати други слуги, повеќе од првите; но и со нив направија исто. Најпосле го испрати при нив својот син, велејќи:
‘Ќе се засрамат од сина ми.’ Но лозарите, штом го видоа сина му, си рекоа помеѓу себе: ‘Овој е наследникот ајде да го убиеме; и да го присвоиме наследството негово.’
Па, како го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија. А кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?” Му одговорија:
“Злочинците ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари, што ќе му ги даваат плодовите навреме.” (Мт. 21, 33 – 41).
Драги браќа и сестри! Ги поздравувам сите што денес ги прими ја Светите Христови Тајни, што се причести ја. Се радувам дека сме христијани, дека Господ не подготвува за Своето Царство.
Но, ние треба секогаш да помниме, дека, Бог нас без нас не нè спасува. Како што рекол св. ап. Павле, “ние сме Му соработници на Бога” (1 Кор. 3, 6 – 11).
Ние соработуваме со Него во делото на нашето спасение. Така се подредило, па сите очекуваме чудеса.
Ја чекаме Новата Година, некоја посебна дата – со надеж дека сè ќе се промени на подобро. Но чудеса не се случуваат.
Зошто?
Можеби, затоа што нешто со нас не е во ред? Дали нешто се случило со нашите очи, со нашиот ум и срце? Бидејќи Бог светот го создал прекрасен. И човекот може да биде среќен во овој свет.
Но човекот паднал, станал смртен, и светот создаден за човекот, исто така заради ова станал распадлив, сè живо на земјата исто така сега страда. Господ не го создал пеколот како некое концентрирано зло.
Ние самите го создаваме овој пекол во нашите души и ги внесуваме неговите никулци во вечноста. Но, ние имаме слободна волја да ја промениме постоечката состојба на работите.
Бог го создал човекот од љубов и за лубов. Тоа е во нашето битие. Тоа – не е предмет на верата, на културата, на науката. На земјата постојат народи, кои досега живеат во првобитно општество, но тие исто како и ние, точно сфаќаат дека без љубов нема живот.
Царството Божјо е царство на љубовта, тоа е таква состојба, кога сите еден со друг се сакаат, и сите имаат сигурност, светлина и леснотија. Во Царството Божјо човекот влегува автоматски независно од тоа, на кое географско место на планетата живее. Има љубов – сметај дека ти си таму. Во царството Божјо, Нема љубов – таму те нема.
Господ дошол на земјата, за да им даде на луѓето можност сами да вршат чудо. Знаејќи, дека, според својата природа треба да живееме во љубов, Тој на земјата ја создава црквата како заедница на луѓе, кои се обединети во љубов, и за ова Тој постојано ги учел апостолите:
“Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели” (Јн. 15, 13). “По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе” (Јн. 13, 35).
Зошто Господ често Царството Божјо го споредувал со свадба или со празнична гозба? Бидејќи, на свадбата или на гозбата обично луѓето се сакаат еден со друг, иако понекогаш не можат да се совладаат со своите емоции.
Се разбира, и на свадбата има доста лицемери, но во суштина луѓето се сакаат еден со друг, се гоштеваат, се радуваат на дружењето.
Господ вели – љубете се еден со друг, имате сè за ова.
Честопати човек доаѓа во храмот и останува во него, затоа што чувствува, дека го сакаат таму, го прифаќаат, не го осудуваат, кон него добро се однесуваат, му помагаат со што можат. Мене ми се случи такво нешто.
Имав 18 години, беше зима, кога ми ја украдоа виндјакната, дојдов во храмот Свети Пантелејмон, и тие ми помогнаа, ни дадоа горна облека, ме оставија да преноќевам. Ништо особено, но веднаш посакав возвратно да одговорам.
Што ни пречи да се сакаме?
Во евангелската парабола за злите лозари има многу одговори на ова прашање.
Историјата почнува со фактот, дека при заминувањето човекот, го оставил својот имот на оние во кои, тој имал доверба, во кои гледал само добрина, кои ги сакал.
Но по заминувањето на домаќинот, овие луѓе одеднаш (како што ни се чини) решиле, штом лозјето времено се наоѓа под нивна управа, тогаш нема потреба некому да му го вратат.
Поминало време, и најмените лозари ги дочекале слугите, испратени од домаќинот за родот, со зачудувачка раздразнетост, дури и омраза. Лозјето е добар извор на приход, кој може да збогати секој прилежен работник.
На овие луѓе им дале добра работа без никаква контрола над нив, и тие многу брзо заборавиле на кој начин тие го добиле својот имот.
И кога дошле испратените од домаќинот и кажале дека дошло времето да ги предадат плодовите од својот труд, со лозарите завладеале револтот, негодувањето, гневот.
Збор по збор – лозарите толку се разгневиле, па почнале да ги тепаат и да ги убиваат слугите на домаќинот.
Следните претставници на легитимната власт исто така ги претепале до полусмрт, видливо веќе во афектна состојба, без непотребни разговори. Дошло дотаму па и синот на господарот го убиле практично веднаш, пресметливо и намерно, сакајќи да завладеат засекогаш со богатството на господарот.
Крајот е очевиден. За таквите луѓе по извршените дела, повеќе немало смисла да живеат. Без оглед колку љубов и трпение да имал господарот.
Се поставува прашањето: зошто се случило ова?
Излегува, дека нашиот човечки ум директно зависи од некои чувства на нашето срце. И некои чувства нашиот ум го заслепуваат.
Како прво, гневот го заслепува човекот. Како второ, гордоста, што доведува до навика да владееме со земното богатство. За жал многу брзо забораваме на тоа, дека сè, што нè опкружува дадено ни е дадено за привремена употреба.
Во стремежот за земно богатство ние забораваме на Бога, почнувајќи да веруваме дека нашиот успех зависи само од нас самите – колку сме силни, умни, талентирани и т.н.
Без оглед колку е трпелив и милостив Господ, порано или подоцна ќе треба да го предадеме тоа што ни било дадено на времено користење. И треба да успееме како одговор да ги принесеме плодовите на љубовта.
Нема да се спасиме, ако бидеме слични на оние лозари, кои на доброто одговориле со зло, сметајќи дека корисно е да бидеш зол.
Резултат. Човече, ако сакаш да бидеш човек – живеј во љубов. Сакаш да љубиш – бори се со својот гнев, со своето самољубие. Додека тие владеат со тебе, ти лесно ќе се гневиш, ти со сè ќе бидеш незадоволен, сите околу тебе ќе ти изгледаат како непријатели, и живот ќе ти поминува во страдање, залудно, бесмислено. Запомни, дека еден ден кај тебе ќе дојдат Господовите гласници и ќе кажат:
“Доста е, живееше, ајде направи простор за другите”. И ти ништо не ќе можеш да направиш. Затоа, справете се со себе, научете се да живеете во љубов – на работа, во семејството, со пријателите, во храмот Божји.
Постојат сите лекарства за да се излечат нашите горделиви души. Но без соработка, без сотрудништво ова исцеление, кое е еднакво на спасението ќе биде невозможно.
Господи, помогни ни на сите, да се сеќаваме на ова и правилно да живееме
Амин.
Храм на свети Лука Кримски (Војно-Јасенецки