Свети Јован Лествичник – ЗА ОЗБОРУВАЊЕТО (Лествица)

„…Озборувањето е лицемерие на љубовта,

осквернување и оптеретување на совеста,

уништување на чистотата…

Кога во една прилика ги слушнав луѓето како озборуваат, јас им се заканив.

Учесниците во ова зло, во својата одбрана, наведуваа дека така прават од љубов и грижа за оној, кој бил предмет на озборувањето.

А јас им реков:

Оној кој тајно го клевети ближниот свој, тој го избркав (Пс. 100, 5).

Ако навистина го љубиш ближниот како што велиш, тогаш помоли се тајно, а не да го исмеваш човекот.

Тој е начинот кој му е угоден на Бога.

А и ова нека не ти остане непознато, па ке се чуваш да не осудиш луѓето кои се сопнуваат:

додека Јуда беше ученик Христов,

разбојникот припаѓал на убијците:

и чудо, како во еден миг да се случи со нив таква промена !…

Кој сака да го победи духот на озборувањето, нека не му ја припишува вината на оној кој паднал, туку на демонот којшто го кутнал (соборил)

Познавав човек кој јавно погреши, а тајно се покаја.

И оној кој го осудив како блудник, беше веќе пред Бог невин, умилостивувајќи го со искрено обраќање и покајание.

Никогаш немој да се срамиш пред оние кои во твое присуство го озборуваат ближниот, туку уште повеќе речи им:

„Застани брате!
Јас секој ден паѓам во уште потешки гревови. Па како може некого да осудувам?“

Така, со едно замавнување ќе сториш две добра: со еден лек ќе го излекуваш и себе и ближниот …“

Преведе Мина Дамиловска

Претходна статијаСветиот пророк Мојсеј Боговидец!
Следна статијаСВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ