Старецот рече:
„Секој нека се постави на местото на другиот.
За жал духот кој владее денес меѓу нас, посакува човек да го превземе местото на другиот, а не да се постави на него за да сочувствува!
Затоа светот се претвори во лудница.
КОга некој ќе се постави на местото на другиот се се поправа.
Ќе ви дадам пример:
Aко младата сопруга беше влегла во положбата на својата свекрва и би размислувала дека и таа еден ден ќе стане свекрва и ќе сака снаата да и помага и да не се однесува грубо кон неа – зарем не би се однесувала внимателно и љубезно кон својата свекрва?
Да знаете, дека ако човек не постапува духовно, тогаш почнуваат да дејствуваат духовните закони и еве што ќе се случи:
Бог ќе ја одземе Својата љубов од таков човек за да го натера уште во овој живот да го прави тоа што е должен“.
Старец Пајсиј