Божествена Литургија во Марков Манастир на празникот- Успение на Пресвета Богородица (28.08.2019)
Денес на одбележувањето на Успението на Пресвета Богородица , во храмот Свети Димитрија во Марков Манастир, се одржа Божествена Литургија во отслужение на јеромонах Атанасиј Арсоски.
Верниот народ, во празнична радост, се причести со Светите Христови Тајни!
Денес го одбележуваме Успението на најсветата од сите светии – Божјата Mајка.
Таа го оставила земниот живот, но како што била жива до самите длабочини на своето естество, така и останала жива – со жива душа, се вознела кон престолот Божји, со живото и вознесено тело, со кое што сега претстои и се моли за нас.
Вистината е дека таа е престол на благодатта, во неа се вселил Живиот Бог, во нејзината утроба престојувал Тој, како на престолот на Својата слава.
И со каква благодарност, со каква изненаденост мислиме на неа:
Изворот на животот, Живоносен источник, како што ја нарекува Црквата, прославвувајќи ја во една од иконите – Живоносен извор, Богородица го завршила земниот си пат, прегрната од трепетната љубов на сите.
Но што не ветила Таа?
Само една заповед и еден пример. Заповедта се оние зборови, кои што Таа им ги кажала на слугите во Кана Галилејска:
„Што и` да ви каже, направете!“
И тие направиле, и водата после измивањето се претворила во доброто вино на Царството Божјо.
Фотографии денес, на Успение на Пресвета Богородица:
Кондак 1
Тебе, избраната од сите родови Божја Мајка и Царица, Која се искачи од небото кон земјата, побожни песни Ти принесуваме, ние Твоите слуги, за Твоето пречесно Успение, Богородице:
Ти Која имаш победа над смртта, од сите смртоносни неволји избави нè, за да Ти повикуваме:
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето успение не нè остави.