ПАТИШТА ДО СОВРШЕНСТВОТО

Покајанието започнува од јазикот. Додека јазикот не биде скротен нема ништо од покајанието.

Јазикот дома, јазикот на работа, јазикот секаде.
Објави сиромаштво на јазикот.

Не на џебот, туку на јазикот.

Секој нека знае од каде треба да започне.

Вие велите (многумина од вас) мислите ве  ознемируваат. Не може да се војува со помилите додека не биде скротен јазикот. И не убедувајте се да се борите со помислите, додека не го скротите јазикот.

Само чувај те го својот јазик. Секако, тоа важи за оној кој сака да живее барем малку според волјата Божја и да оди по патот на покајанието. А оној што живее онака како што се живее во светот, зошто би се просилувал на така строг живот?

Ние и самите знаеме колку тешко се кае оној чиј што јазик е разуздан.

Невозможно е човекот да ги опфати сите свои гревови поврзани со јазикот.

Еве, обиди се да запишеше се` што си кажал лошо во текот на еден ден. Невозможно е и да се запише. Толку зло доаѓа само од јазикот.

А навечер веќе немаме ниту молитва. Толку ни е тешко.

И сето тоа поради јазикот.

Искуството на преподобните отци покажа дека ако јазикот молчи, тогаш ќе молчат и мислите – од тоа не треба да се плашиме – но молитва ќе има.

Само заради воздржувањето на јазикот! А тогаш ќе се појават знаците на покајанието.

Ние често гледаме големи и значајни луѓе – колку сакаат да молачат, колку се скржави на јзик. Тие долго размислуваат. Полека промислуваат. И скржаво, скржаво говорат.

Колку се помудри тие големи луѓе, толку повеќе сакаат да молчат. Од нив често нема да извлечеш подробен и опширен одговор. Бидејќи тоа се луѓе кои живеат духовен живот, луѓе со големо искуство кои сакаат да се спасат или, пак, сфаќаат дека Бог е секаде присутен.

Еднаш му кажав на Карпински, претседателот на Академијата на науки:

„ Вие навистина знаете да молчите. За мој срам, јас како монах не знам да молчам така како вие!“

Знаете што ми одговори?

„Молчам затоа што пред себе ја имам мислата дека Бог ме гледа и слуша. Тоа ме тера да молчам“.

Се покажа дека е обичен човек од светот, иако претседател на Академијата на науките, помудар од секој монах.

(Пренесено од книгата на Старец Сампсон „Поуки и беседи“)

Претходна статијаНе плачи, дете мое, наскоро Бог ќе дојде за да уреди се`!
Следна статијаНеутешна тага за умрените? Старец Тадеј