„Св. Никодим Агиорит вели дека на гората Тавор, при Христовото Преображение се случи голем и страшен призор.
Прво, затоа што изгреаја две сонца, нешто што никогаш не и било познато на тварта. Не се работи за сонцето што се гледа пред изгрејсонцето, за идолот на сонцето, туку за две сонца, и тоа на пладне.
Второ, страшен призор е, затоа што едното е сетилно сонце и изгреа од небото, а другото е духовно кое што изгреа од земјата.
Тоа второ сонце беше неспоредливо повисоко од сетилното што изгреа од небото. И како што со изгревот на сетилното сонце исчезнуваат сите ѕвезди на небото, така и со изгревот на сонцето на правдата исжезнаа и зраците на сетилното сонце.
Секако, славата на сетилното сонце не ја видоа сите луѓе на земјата во тој момент, освен тројцата ченици и Пророците кои што се јавија.
Св. Григориј Палама вели дека сетилното сонце кое што изгрева го гледаат сите кои што живеат на земјата, освен ако некој е слеп,
додека духовното сонце на правдата го гледаат оние кои што се подготвени.
А анализирајќи ја оваа своја мисла вели дека сетилното сонце, бидејќи е без душа, нелогосно и нема волја, го гледаат сите луѓе,
додека духовното сонце нема само природа и природна блескавост и слава, туку и соодветна волја,
и затоа се јавува на оние на кои што сака и колку што сака време.
Според тоа, духовната и несоздадена светлина ја гледаат оние кои што се удостојуваат од Бога за тој опит,
бидејќи Бог се открива Себеси на оние на кои што сака, а тоа откровение е аналогно со духовната состојба на луѓето кои што се удостојуваат со откровенскиот опит.“
Јеротеј Влахос