ПРАВОСЛАВИЕ И МЕДИЦИНА

Здравје според Божјиот дар – Свештеник Родион Петроградски

Замисли се човеку, за тоа, дека од болестите нема да те избават бајачите, туку, ако ним им се ветиш, сам ќе направиш голем и тежок грев. Ако, оставајќи го Бога, заминеш кај демоните, каква милост очекуваш од Бога, и како ќе го повикаш во молитвата?

Светиот великомаченик и исцелител Пантелејмон, бесребрениците Козма и Дамјан, свештеномаченикот Кипријан, светиот и праведен Јован Кронштатски и многу други ја лекувале, пред се, душата, а потоа и телото. Бидејќи душата е вечна и далеку повредна од привременото и минливо тело.

Кај луѓето кои тие ги излекувале им се менувал целиот живот, верата им станувала посилна, душата се чистела од страстите.

Ако ги погледнеме исцеленијата кои се правеле со силата Божја ќе видеме дека светителите не делувале со некое биополе, не ја преточувале својата енергија од некој друг во себе, туку со Светиот Дух.

Честопати, пред сè, ги отстранувале моралнитепричини за болеста, ако постоеле такви причини. Во Евангелието по Матеј (Мт. 9,2-6) во
настанот со исцелувањето на фатениот кој го сретнал нашиот Господ Исус Христос, гледаме дека пред сè му било речено: ти се опростуваат твоите гревови, па дури потоа стани и оди си.

Исто така од Евангелието гледаме дека многу луѓе кои со вера и покајание се допирале до облеката Христова, се исцелувале (Лк. 8,44).

Во книгата Делата на светите Апостоли читаме дека Бог правел необични чуда преку рацете Павлови, така што неговите крпчиња и наметки ги полагале над болните и тие се исцелувале од болестите и злите духови излегувале од нив (Дела 19, 11-12).

Односно, Господ ги прославувал своите угодници, така што и преку нивната облека правел чуда. Исто така може да се наведат и многу случаеви на исцелување на болни, кои се случувале покрај моштите или пак од одеждите на светителите.

Ќе ви раскажам само еден случај од мојата пракса.

На раката на парализираната В., после молебниот кој го отслужив, беше ставена ракавицата која му припаѓаше на светиот Јован Кронштатски и
веднаш после тоа болната жена почна да ги мрда прстите на парализираната рака и наскоро можеше да оди. Лекарите кои ја лечеа беа запрепастени од таквото брзо исцеление.

Многу исцеленија светителите ги правеле непосредно преку молитвата, т.е, кога Господ по молитвата на светителот, преку Светиот Дух го вршел исцелувањето. Во Киево-Печерскиот патерик читаме за преподобниот Агапит кој ги исцелувал сите болни со својата молитва и никогаш од никој не земал ништо за исцелувањето, бидејќи, според неговите зборови, не исцелувал со својата сила, туку со силата Христова.

Враќајќи се во нашето време, ќе го наведеме името на светиот Јован Кронштатски. Постојат многу книги во кои има илјадници забележени случаеви на исцеление, понекогаш и на значителна оддалеченост, до кои се доаѓало преку молитвите на овој голем светител.

Сега да разгледаме зошто на луѓето им се допуштаат болести и неприлики и каков однос треба да имаат христијаните кон болестите.

Најнапред да им дадеме збор на Светите Оци. Еве што се вели во беседата на светиот Јован Златоуст „За оние кои се лекуваат од болестите со баење“.

„Кога ќе паднеш во тешка болест, многумина ќе те наговараат да отидеш кај волшебници или бајачи, а ти, надевајќи се на Бога, трпи, знаејќи дека таквото мачење ти донесува венец и те избавува од идните маки, ако ја поднесеш болеста благодарејќи му на Бога.

Ако сме христијани, да се покориме на Христос и да не одиме кај непријателите Божји – бајачите, волшебниците, (екстрасенсите) бидејќи тие се непријатели Божји. Подобро ни е да умреме отколку да одиме кај непријателите Божји.

Каква корист имаме ако телото го излекуваме, а душата ја погубиме, каква е добивката ако овде добиеме мала утеха, а таму да бидеме испратени со демоните во маки и вечен оган.

Еве што е кажано во Библијата:

Се разболе царот Охозија и не прибегна кон Божјата помош, туку испрати да му донесат бајачи. Бог го казни со болест, да го опомени за своите гревови.

А тој, заборавајќи на Бога, ги испрати кај идолот Ваал и неговите жреци, да ги прашаат дали ќе остане жив.

О, големо зло, неразумно безаконие! Бога го остави, а бајачите ги прашува за животот. Ги сретна пророкот Илија слугите на Охозија и им рече: одете и кажете му на царот свој, затоа што го остави Бог и Неговиот закон и ве испрати кај демоните да прашувате за живот, вака му вели Господ:

нема да се дигне од постела, туку ќе умре пред време затоа што го остави Бога и демонските слуги ги прашува за живот!

Така, браќа, предвремената смрт доаѓа кај оние кои одат кај бајачите (односно екстрасенсите).

Светите Апостоли го проколнале баењето, Светите Оци на Соборите исто така ги отфрлале и на долго време одстранувале оние кои одат кај бајачи и им наложувале тешки епитимии за да се очистат од гревовите.

Бегајте, сакани браќа мои, од проклетото баење, пред време умирајќи, да не примете вечни маки.

Но велиш дека многу те мачи тешката болест. Но ти сеуште не си претрпел такви болести како блажениот Јов; тој ги изгубил стадата, воловите и сè што имал загубил, па дури и после губењето на сите свои деца не хулел на Бога, туку рекол:

Господ даде, Господ зеде. И во страшна болест лежел седум години и не пробал да се лечи со баење,туку говорел:

Подобро да умрам, отколку да прохулам на Бога.

Така и фатениот триесет и осум години лежел во немоќ, не повикувал бајачи и не одел кај волшебниците, туку очекувал помош од Бога. Исто така и Лазар гладен и болен, сите години од својата болест лежел покрај портата на богатиот, понижен и посрамотен, и така и умрел, а лекари не
барал.

Тие какви тешки болести поднесувале, а ние само што се разболиме веднаш лекари и бајачи во домот свој донесуваме. О, браќа, како што златото со оган се испитува, така и човекот со болеста од гревот се очистува.

Да се потсетиме, браќа, на апостолите ипророците, и мачениците, кои големи страдања претрпеа.

Кој поднесува страдања и големи болести во овој век, голема награда добива во Царството небесно.

Замисли се човеку, за тоа, дека о д болестите нема да те избават бајачите, туку, ако ним им веруваш, само ќе направиш голем и тежок грев. Ако, оставајќи го Бога, и заминеш кајдемоните, каква милост очекуваш од Бога, и како ќе го повикаш во молитвата?

Зошто душата своја ја погубуваш, и што ќе му одговориш на Бога кога поради болест, го напушташ Бога и заминеш кај бајачите?

Како ќе стоиш во црквата, како ќе примиш Света Причест, како ќе ги слушаш поуките?

О, човеку, ако благодарно ги трпеш болестите или секое друго страдање, со мачениците ќе бидеш овенчан во оној ден, бидејќи тие претрпелемаки, а ти болести и неволји благодарно трпиш“…

Ќе продолжи…

ИЗВОРМанастир Свети Гаврил Лесновски
Претходна статијаЕве зошто Бог допушта болести
Следна статијаКаков пост пропишала Православната Црква за време на Богородичниот пост