Свети Јован Лествичник вака го советува послушникот:

“На вратата на своето срце постави строги и будни стражари. Во непостојаното тело умот нека ти биде постојан.

Вежбај го умното безмолвие и покрај тоа што чувствуваш движење и немир во екстремитетите.

Што е најтешко од се, остани спокоен во душата и покрај најтешкиот метеж.

Заврзи го брзиот јазик, кој сака да противречи; бори се со овој деспот седумдесет пати по седум на ден (Мт. 18, 22).

Умот приковај го на крстот на душата како што наковалната се прицврстува, та тепан од ударите со чеканот на исмевањето и навредите, за да се одржиш ни најмалку скршен, туку потполно недопрен.

Соблечи ја од себе својата волја како срамна облека, и така влези во борба. Направи го она што ретко се прави и што не се среќава лесно:

облечи се во оклопот на верата, кој не може да се скрши ниту да пробие неповерение кон духовникот;

со уздата на целомудреноста скротувај го осетот на допирот, кој бесрамно се провлекува;

со размислување за смртта обуздувај ги очите, кои секој час се загледуваат во земната убавина,

љубопитниот ум, кој со радост го осудува братот како негрижлив, смири го со грижата за самиот себе, искрено сакајќи ги блиските и потполно сочувствувајќи со нив.

Секој момент пиј од водата на понижувањето како да е жива вода”.

Претходна статијаЌЕ СЕ СПАСИШ ЛИ?!
Следна статијаМОЛИТВА НА СВЕТИОТ И СЛАВЕН ПРОРОК БОЖЈИ ИЛИЈА