„Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух,

Лесно е да се обраќаме кон Бога, кога од Него очекуваме милост. Тешко е, кога сфаќаме дека треба нешто на Бога да му дадеме – да даваш секогаш е потешко отколку да земаш, но кој не дава, тој нема да се спаси.

Кога Христос проповедал и лечел, по Него оделе толпи народ и биле спремни да Го слушаат од сабајле до навечер.

И во Него верувале како во Господ, и според верата го добивале тоа што го барале. Слушнавме, како двајца слепци оделе по Христа и викале:

Смилувај ни се, Исусе Сине Давидов! Син Давидов – тоа е Христос, да кажеш така значело да Го признаеш за Христа, за Месија, за Син Божји, Кој станал Човек.

Тој не одговарајќи влегува во домот, тие веднаш по Него, и таму Му пристапиле.

Христос им рече: верувате ли дека Јас можам да го направам тоа?

Му одговорија: да, Господи!

Тогаш Тој се допре до нивните очи, велејќи: нека ви биде според вашата вера.

И очите им се отворија.

Тие само што излегле – Му довеле човек нем и опфатен од демон.

Демонот беше изгонет и немиот проговори. Народот восхитен зборувал:

Никогаш не се видело вакво нешто во Израелот, а излечените, наспроти Неговата строга забрана, по сета онаа земја раскажувале за она што се случило со нив.

А фарисеите велеа: Тој ги изгонува бесовите со силата на кнезот демонски, но народот не ги слушал.

И одел Исус по сите градови и села поучувајжи ги по нивните синагоги проповедајќи го Евангелието на Царството и исцелувајќи секаква болест и секаква слабост меѓу луѓето.

Потоа по година, две или три, тие, кои сето ова го знаеле и виделе, му викале на Пилат: Распни, распни Го.

Што се случило?

Тие мислеле дека Христос ќе им угоди во сè што ќе посакаат, а се пкажало дека Тој и немал намера тоа да го направи. Тие уживале во својата привидна праведност, но Тој им покажал дека таа е ништожна и дека тие со својата привидна праведност не се подобри од митарите и блудниците си во рацете на Римјаните.

Тие очекувале дека Христос ќе стане цар, ќе ги избави од римската власт и ќе ги возвише над сите народи, а Тој им дозволил на Своите непријатели да се предаде Себе си во рацете на Римјаните!

“Син Божји? – рекле тие. – Толку полошо. Тој не ни го донесе тоа што го сакавме. Затоа да Го убиеме Него!”

Овој народ не го барал Царството Божјо; тие биле сосредочени на себе, своето и го барале. Не им била потребна Божјата волја, туку нивната волја. Тие себе си се сакале, а не Бога – затоа и го отфрлиле Христа.

Во тоа е и нашата несреќа, што ние повеќе се сакаме себе си отколку Бога. Оваа болест за разлика од сите други болести, Господ ја оставил на нашата слободна волја.

Во тоа се состоел гревопадот на првите луѓе, оти тие имајќи полна слобода, не се починиле на Бога, посакале да бидат сами, како богови, повеќе од сè се засакале себе си.

Затоа тие го изеле забранетиот плод, оти не Бога, а себе си се возљубиле. И ние за да се спасиме, треба исто така да го отфрлиме своето паднато “Јас” и да го избереме Бога.

За жал, ние нарекувајќи се Христови ученици, секој ден ја повторуваме постапката на Адам и Ева. Себе си, а не Господа, го сака тој, кој ништо заради Бога не се откажува од себе си.

Себе си, а не Господа го сака оној, кој живее во блудни гревови.

Себе си, а не Господа го љубиме, кога се гордееме.

Себе си, а не Господа, го љубиме, кога било го мразиме, кој и да било тој човек и било какво зло да ни направил.

Ние не го сакаме Господа, кога се сожалуваме самите себе и бараме сите да не сожалуваат.

Ние не го сакаме Господа, ако од ближниот си правиме идол – од жената, од мажот, од децата и уште од било кого.

Ние не го сакаме Господа, ако не се молиме на време, почесто дома и во храмот. Кој не сака да пости, тој не го сака Господа, но своето црево.

Кој животот го поминува во задоволства, не го сака Господа, туку бескорисниот живот. И кога нашиот ум целосно е зафатен со светските работи, ние нив ги сакаме, а не Господа. Сето ова е наша љубов кон себе, а по неа униние, болест и тага.

Добро правиме ако во сите свои потреби просиме милост Божја, но прво треба да го љубиме Тој од Кого очекуваме милост.

А да се сака Бог – значи да се сакаат неговите заповеди и заради нив да го потисниме своето “Јас”, да ги промениме своите планови, ако е потребно да ги отфрлиме удобствата, да се откажеме од штетните за душата задоволства, со еден збор да ја отфрлиме љубовта кон самите себе.

Кој бара среќа, угодувајќи си себе си, никогаш нема да ја најде. Ќе ја најде тој, кој не ја бара среќата, туку волјата Божја.

Амин.“

Претходна статијаСакаш ли за сeбe дoбрo? Сeкoe дoбoр e вo Мeнe! (Св. Тихон Задонски)
Следна статијаЌЕ СЕ СПАСИШ ЛИ?!