„Христос е крајна желба и нема ништо повозвишено.

Со се` што е сетилно човекот се заситува, но со Бога не може да се засити.

Бог е се`! Бог е крајна желба.

Ниту една друга радост, ниту едно друго добро и ништо друго не може да се спореди со Него.

Што е повозвишено од Него?

Љубовта кон Христа е нешто друго. Таа нема крај и е незаситна.

Дава живот, дава храброст, дава здравје, дава, дава, дава….

И колку што повеќе дава, толку повеќе човекот сака да се заљубува.

Човечката љубов може да го упропасти и збудали човекот, а кога ќе го возљубиме Христос, тогаш сите љубови отстапуваат.

Од другите видови љубов човекот се заситува, а Христовата љубов е незаситна….“

(Старец Порфириј)

Претходна статијаГАВРИИЛ – Божја крепост!
Следна статија“…Oд мигот кога влезе овде човеку, го избрка Бога од мене..”. Старец Јосиф Исихаст Исихаст