„Ни во светот ни меѓу монасите никој не бива овенчан без борба.

И никој без борба не може да стекне невенлив венец и живот вечен, зашто сегашниот живот сличен е на борилиште.

Совршените борци радо и без приговор тргнуваат во борба, а плашливите и разгалените постојано ја одбегнуваат.

Совршените борци и воздржливите подвижници пред очите секогаш го имаат рајот, и очекуваат во него да се насладуваат со неговите добра, во вечната светлина и бесмртниот живот.

Сакаш ли да влезеш во оваа борба и да бидеш совршен?
Постојано облекувај се во добродетелта, како во одежда.
Или можеби веќе ја имаш на себе?

Тогаш неизоставно и постојано на сите начини настојувај никогаш да не ја слечеш од себеси.“

Свети Ефрем Сирин

Претходна статијаГледајте кон Христос и Он ќе ве спаси!
Следна статијаМалку се деца кои имаат бес!