

Светите Апостоли не носеле никакви посебни одежди за служење на светата Литургија.
Не велам дека некои од погоренаведените нешта се лоши или непотребни, како црковните канони, храмови, сосуди, одеждите итн. – напротив, но велам, заедно со Светите Отци, дека нема ништо посвето од човекот и дека тие се само педагошки средства за верните да растат „до мерата на полната возраст на Христовото совршенство“, а не идоли, кои верните треба да ги држат во духовно ропство, а кои нам ни овозможуваат да го црпиме својот надворешен авторитет над верниот народ.