Кога големиот Макариј слушнал за славниот живот на тавениските монаси, се преправил и облекол во световно селско облекло, и патувајќи петнаесет дена низ пустината стигнал во Тиваида.

Доаѓајќи во тавенискиот манастир, тој го побарал архимандритот, Пахомиј, човек многу бележит, кој имал пророчки дар. Овој светител сѐ уште не знаел кој е големиот Макариј. Кога го сретнал, Макариј му рекол:

“Те молам, господине, прими ме во своето братство, за да бидам монах”.

Големиот Пахомиј му рекол:

“Како можеш да се подвизуваш во овие старечки години? Браќата се подвизуваат од младоста и поднесуваат големи напори, оти се навикнати на нив, a ти во овие години не можеш да ги поднесеш искушенијата на подвижничкиот живот, ќе се соблазниш и ќе си заминеш од братството, и ќе нѐ озборуваш”.

И Пахомиј не го примил, ниту го примил следниот ден, и така се до седмиот ден. A старецот Макариј цврсто стоел на својата одлука, постејќи сето време.

Најпосле му рекол на Пахомиј: “Ава, прими ме, па ако не постам како нив, и ако не работам како нив, тогаш нареди да ме исфрлат од братството”.

Големиот Пахомиј ги убедил браќата да го примат Макариј (а во ова едно братство и досега се наоѓаат илјада и четиристотини луѓе). Така, големиот Макариј стапил во ова братство.

По кусо време настапила Четириесетницата. И видел старецот Макариј дека секој монах врз себе зема различен подвиг: еден јадел само вечерта, друг на пет дена, трет цела ноќ стоел на молитва, а преку ден работел.

А Макариј, пак, собирајќи поголемо количество палмови гранчиња, стоел во еден агол, и за сето време на Четириесетницата, сѐ до Велигден, не зел леб, ниту допрел вода, ниту ги преклонил колената, ниту седнал, ниту легнал, ниту нешто вкусил, освен неколку листови свежа зелка.

Па и од зелката зел само во неделните денови, и тоа само затоа за да го видат дека јаде, и за да не падне во самопреценетост. Ако, пак поради некоја потреба требало да излезе од ќелијата, тој набрзо се враќал и продолжувал co работата.

He отворајќи ја устата и не проговорувајќи ниту збор, тој стоел молкум, и co ништо друго не се занимавал, освен co практикувањето на молитвата во срцето и плетењето гранчиња, кои ги имал во раката.

Кога го виделе тоа подвижниците на ова братство, започнале да му негодуваат на својот игумен, велејќи:

“Од каде ни го доведе овој бестелесен човек, како наша осуда?

Или исфрли го од овде, или знај дека денес сите ќе те напуштиме”. Кога го слушнал тоа од браќата, Пахомиј започнал да се распрашува за него и штом дознал како тој живее, започнал да Го моли Бога, да му открие кој е тој човек.

И нему му било откриено дека тоа е монахот Макариј. Тогаш господинот Пахомиј го фатил за рака, го одвел надвор и го внел во молитвениот дом, каде што се наоѓа нивниот жртвеник, го прегрнал и му рекол:

“Дојди, прекрасен старецу! Ти си Макариј и тоа го криеше од мене!

Одамна сакам да те видам, бидејќи сум слушал за твоите дела. Ти благодарам што ги смири моите чеда, за да не мислат високо за своите подвизи. Те молам, оди си во твоето место, бидејќи нас доволно нѐ поучи и моли се за нас”. Така, според желбата на Пахомиј и на молбата на сите негови браќа, Макариј си заминал.

Овој бестрасник ни го раскажуваше и следното:

“Кога го извршив целиот подвижнички подвиг како што посакував, во мене се појави една друга духовна желба: јас посакав мојот ум само пет дена да не се одвојува од Бога, и за ништо друго да не мисли, туку единствено да биде устремен кон Hero.

И бидејќи се решив, јас ја заклучив својата ќелија и нејзиниот двор, како не би давал одговор никому, кој би дошол. И тоа го почнав следниот ден, наредувајќи му го следното на мојот ум:

“Гледај, не слегувај од небото; таму ги имаш ангелите, архангелите, сите вишни сили, херувими, серафими, и Самиот Бог, Творецот на сѐ; таму престојувај; не слегувај од небото; не паѓај во сетилни помисли!”

Откако така поминав два дена и две ноќи, jac толку многу го раздразнив демонот, што тој се престори како огнен пламен и изгоре сѐ што имаше во мојата ќелија, та дури и мојата рогозина, на која стоев, беше зафатена од огнот, така што мене ми изгледаше дека целиот горам.

Најпосле, поразен од страв, јас третиот ден отстапив од оваа намера, бидејќи не бев во состојба својот ум да го сочувам нерасеан; и се спуштив во осознавање на овој свет, за да не ми се препише тоа како гордост.”

Еднаш, пак, отидов кај овој духовен монах, големиот Макариј и таму најдов еден селски презвитер, како лежи крај неговата ќелија. Главата му беше толку изедена од болеста рак, што дури и темето му се гледаше.

Тој дошол кај Макариј за излекување, но Макариј, пак, не сакаше да го види. Јас започнав да го молам светителот:

“Те молам, смилувај се на овој патник, и барем дај му некој одговор”.

А светителот ми одговори: “Тој е недостоен да биде излекуван, Господ му ја праќа оваа болест за да го вразуми.

Ако, пак, сакаш да биде излекуван, тогаш советувај го никогаш повеќе да не ги извршува светите Тајни”.

Јас му реков: “Но, зошто, те молам кажи ми”.

Тој ми одговори: “Тој блудствувал и служел Литургија, затоа сега вака е казнет.

Ако, пак, од страв престане да го прави она што ce осмелил да го прави од негрижа, Бог ќе го излекува”.

Кога му го кажав тоа на патникот, тој co заклетва ми вети дека веќе нема да свештенодејствува. Toгаш Макариј го прими и му рече:

“Веруваш ли ти дека постои Бог, од Кого ништо не се сокрива?”

“Верувам”, одговорил. Макариј потоа му рекол:

“He требаше ли, тогаш, да се шегуваш co Бога?”

“He требаше, мој господине”- одговорил.

Повторно му рекол Макариј: “Ако го сознаваш својот грев и Божјата казна, на која си подложен поради гревот, тогаш во иднина да се поправиш”.

Презвитерот го исповедал својот грев и даде ветување дека повеќе нема да греши и дека веќе нема да служи на олтарот, туку ќе застане во редот на мирјаните.

Потоа светителот ги стави своите раце на него и тој за неколку дена оздраве, и си замина здрав во својот дом, славејќи го Бога и благодарејќи му на големиот Макариј.

Овој светител имаше разни ќелии во пустината, во кои ги практикуваше добродетелните подвизи: една во Скитот, среде пустината; една во Ливија, при таканаречените

Ќелии и една во Нитриската Гора. Некои од нив беа без прозорци; во нив. велеа, дека Макариј jа поминувал Четириесетницата во темница. Другата ќелија беше толку тесна, што во неа не беше можно да се испружат нозете. Третата ќелија беше поширока и во неа тој ги примаше посетителите.

Овој богољубив човек исцели толку многу бесомачни, што е тешко да се избројат. Кога бевме таму, од Солун (ахајската област) донесоа една девојка, богата од благороден род, која многу години страдала од фатеност.

Оние што ја донеле, ја ставиле пред ќелијата на светителот. Светителот се сожалил на неа, па помолувајќи се своерачно ја помаза co свет елеј. И непрестојно се молеше за неа, и тоа повеќе во мислите и по дваесет дена ја испрати здрава во нејзиниот град. Кога дошла дома co свои нозе, таа испратила богати дарови на светиите.

Ha светиот Макариј, духовниот лекар на сите безумни страсти, пред мои очи му донесоа едно детенце, во кое имаше зол дух.

Откако му ја стави десната рака на главата, а левата на срцето, светителот сѐ дотогаш се молеше за него, сѐ дури не се поткрена во воздухот.

Детенцето, пак, како мев, толку многу се наду co своето тело, што стана многу тешко и одеднаш извикувајќи, започна да исфрла вода од себе. И кога тоа заврши, тоа се врати на својот стар изглед.

Потоа, откако го помаза co свет елеј и го попрска co осветена вода, тој го предаде на неговиот татко и му нареди четириесет дена болниот да не вкуси ниту месо, ниту вино. И така го отпушти излекувано детенцето.

Еднаш почнаа да го вознемируваат големиот Макариј славољубиви помисли, обидувајќи се да го извлечат од ќелијата и поттикнувајќи го да отпатува во Рим, божем, поради корист на другите: за исцелување на тамошните болни, бидејќи во него благодатта Господова многу дејствуваше против нечистите духови.

Долго го вознемируваа овие помисли, но тој не им се предаде. A кога го нападнаа посилно, за да го извлечат од ќелијата, светителот паднал на прагот од својата ќелија, ги испружил нозете преку прагот и им рекол на демоните на славољубието:

“Туркајте ме, демони, влечете ме, ако можете, бидејќи јас co своиве нозе не ќе отидам на друго место.

Ако можете вака да ме однесете, ќе појдам каде што ќе речете”. И заколнувајќи се, им велеше:

“Вака ќе лежам до вечер; сѐ дури не ме придвижите, jac нема да ве слушам”.

Бидејќи лежел долго, останувајќи неподвижен, тој најпосле станал доцна вечерта. А ноќта, пак, повторно почнале да го вознемируваат демоните.

Светителот станал, зел една кошница, ставил во неа пет оки песок и ставајќи jа на грб, почнал да оди по пустината. Го сретнал Теосевиј Козмитор, Антиохиец по раѓање, и му рекол:

“Што носиш, ава? Дај ми го мене својот товар, немој да се мачиш себеси”.

А Макариј му одговорил: “Јас го мачам оној што мене ме мачи. Оти, така станувајќи безобѕирен, тој ме поттикнува на патување”. И откако долго одел, тој се вратил во својата ќелија, казнувајќи го своето тело.

Слугата Христов Пафнутиј, ученик на овој славен подвижник, ни раскажуваше дека еден ден, кога блажениот и бесмртен Макариј седел во дворот на својата ќелија беседејќи co Бога, дошла некоја хиена, која го донела своето младо, кое било слепо.

Поттурнувајќи ја вратата од дворот co својата глава, таа дошла кај Макариј, кој седел таму, и го спуштила младото пред неговите нозе. Свети Макариј го зел младото во раце, му плукнал во очите, се помолил на Бога и тоа веднаш прогледало.

А неговата мајка, откако го нахранила, го зела и така си заминала.

Идниот ден хиената донела кај светиот Макариј кожа од некоја голема овца. Кога светителот ја видел кожата и рекол на хиената:

“Од кај ти е оваа кожа; ти сигурно си растргнала нечија овца? Јас не сакам да примам од тебе нешто што е добиено на неправеден начин”.

А хиената ја наведнала до земја својата глава, и паднала на колена пред нозете на светителот, давајќи му ja кожата.

Тој и’ рекол: “Јас ти кажав дека нема да ја примам, ако не ми се заколнеш дека повеќе нема да им наштетуваш на сиромашните луѓе, јадејќи им ги овците”.

А таа, пак, на тоа климнала co главата, како да се согласува на зборовите на светителот. Тогаш тој ја примил кожата од хиената. Овој слуга Христов ја оставил кожата на светиот и блажен Атанасиј Велики.

А блажената слугинка Христова Меланија ми раскажуваше:

“Од светиот и чудесен човек Макариј, јас ја имав земено онаа кожа, коja ja нарекувавме дар од хиената”.

И што има чудно во тоа што, ако на луѓето, кои себеси се распнале на светот, хиената, на која и’ направиле добро, им донесува дарови во слава на Бога и во чест на неговите слуги?

Оној Кој пред пророкот Даниил ги скроти лавовите, на оваа хиена и’ дарил разум.

За светиот Макариј раскажуваа дека откако се крстил, никогаш не плукнал на земјата; а до сега има шеесет години како е крстен. А вистинскиот слуга Христов и бесмртник Макариј се крсти кога имаше четириесет години.

Според својата надворешност овој непобедлив јунак Христов Макариј (но треба и ова да ти го спомнам, слуго Христов: jac недостојниот добро го познавав, бидејќи бев негов современик) беше ваков: згрбавен и сув; ситна брада имаше само околу устата и по малку на подбрадата и од неговите преголеми подвижнички трудови нему дури и брада не му растеше.

Еднаш кога ме опфати страшно униние, јас отидов кај овој светител и му реков:

“Ава Макариј, што да правам? Мене ме збркуваат помислите велејќи ми: ти ништо не работиш, оди си одовде”.

Светиот отец Макариј ми одговори: “Кажи им на своите помисли:

Поради Христа jac ги чувам ѕидовите”.

Од многуте големи чудеса и подвизи на славниот и добродетелен Макариј, јас ти ги спомнав само овие, христољубив вљубенику во знаењето, слуго Божји.

Овој чудесен човек Макариј ни го раскажа и ова чудо (тој беше презвитер): “Забележав дека за време на давањето на Христовите Тајни јас никогаш не ја давав Светоста на Марко подвижникот, туку ангел ја земаше од жртвеникот и му ја даваше.

Впрочем, јас единствено забележував само рака кокa му ja даваше Причесна”.

Пренесено од книгата “Лавсаик” од Паладиј Епископ Еленополски

Подготви М.Д.

Претходна статијаЗначи, присили се!
Следна статијаЧУДО ВО СОЧИ!