Велики : СЛОВО 4 – ЗА ТРПЕНИЕТО СЛОВО 4

ГЛАВА 1

Оние што сакаат да му се покоруваат на Божјото слово и да раѓаат добри плодови, ги имаат следниве белези:

воздишка, тажење,

прониклив поглед,

тихување, наведната глава,

молитва, молчење, останување на едно место,

плач полн болка, болка во срцето за побожноста,

и дела:

бдеење, пост,

воздржување, кротост, великодушност,

непрекината молитва, поучување во божествените Писма,

вера, смирение, братољубие,

покорност, труд, злострадање,

љубов, благост, чесност, и целата светлина, т. е. Господа.

Белези, пак, на оние што не творат плодови на животот се следниве:

очајување, занесување, поглед што лута,

невнимателност, ропот, тапост (тешко разбирање),

а делата нивни:

прејадување, гнев, раздразливост,

склоност кон осудување, надменост,

ненавремено зборување,

неверие, непостојаност, заборавност, збрканост,

лихварство, љубов кон парите (среброљубие),

завист, препреденост, презир,

празно зборување, ненавремено смеење,

ќудливост, и сета темнина, т. е. сатаната.

Претходна статијаДЕВСТВЕНИЧКАТА ПИАМУНА – Чуда на блажените отци!
Следна статијаЉУБОВ МЕЃУ СОПРУЖНИЦИТЕ – Старец Пајсиј