ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ ГО НАБЉУДУВАЛЕ ЖИВОТОТ НА СРЦЕТО?
„Ако му се покориме на својот ум, пред сѐ, во него забележуваме бегање од една мисла во друга, и тоа во секое време и на секое место:
во домот, во храмот, на работа, за време на читањето и разговорите.
Епископот Теофан вели:
„Тоа обично го нарекуваат мислење, а всушност станува збор за умствено растројство или расејаност и отсуство на сосредоточено внимание.
Дали некогаш сте го набљудувале животот на срцето?
Обидете се да го направите тоа, барем на кратко. И внимавајте на тоа што се случува таму.
Доаѓа непријатност – вие сте се разлутиле;
ви се случува несреќа – вие сте тажни;
пред вас застанува непријател – во вас се разгорува омраза;
гледате некој рамен на себе на повисока положба – вие почнувате да му завидувате;
ќе помислите на своите способности и добродетели – и ќе се возгордеете.
А сето тоа е себеугодување, славољубие, сладострастие, мрзливост, омраза – едно по друго го валкаат срцето!
И тоа само за неколку минути!
Еден подвижник, кој внимавал на себе, имал право кога кажал дека човечкото срце го гледал исполнето со отровни змии, односно со страсти.
Спротивно на тоа, срцето на светите луѓе е ослободено од страстите“.
– Св. Јован Шангајски и Сан-Франциски