Еден човек пред извесно време ме праша:

– Кога ќе оздравам?

– А! – му одговорив. – Штом кажеш:

„Кога ќе оздравам?“, никогаш нема да оздравиш.

Не е правилно да Му се молиш на Бог за такви работи. Му се молиш со немир, во агонија, да ти ја тргне болеста, но дури тогаш уште повеќе те опфаќа и уште посилно те стега.

Не треба такво нешто да бараме во молитвата. Ниту, пак, ти немој да се молиш со таква молба.

Тој се уплаши, па ми рече:

– Зарем да не се молам?

– Како тоа го прашуваш? – му возвратив. Моли се, многу моли се, но моли се Бог да ти ги прости твоите гревови и да ти даде сила да Го љубиш и да Му се предадеш.

Кога Му се предаваме на Христос, нашиот духовен организам се смирува, а како резултат на тоа сите наши органи и жлезди почнуваат да функционираат нормално.

На сѐ се шири благодатното влијание. Оздравуваме, престануваме да страдаме.

Дури и рак да имаме, ако сѐ Му препуштиме на Бог и ако нашата душа се успокои, божествената благодат може со помош на тоа спокојство да влијае да исчезне и ракот, и сѐ останато.

Ако сакате да знаете, и чирот во стомакот се создава од невроза. Симпатичкиот систем, бидејќи трпи притисок, се стега и се разболува, па така се создава чир.

Еднаш, двапати, трипати; стегање, стегање; жалост, жалост, жалост; вознемиреност, вознемиреност, вознемиреност – и оп, чир!
Чир или рак, зависи.

Кога во нашата душа постои смут и пореметување, тие влијаат на телото и нашето здравје се нарушува.

Не говорете: „Господи, исцели ме!“ Не!

Туку:

„Господи Исусе Христе, помилуј ме“; несебично, со љубов, ништо не очекувајќи.

„Господи, дај ми го она што го сака Твојата љубов“.

Само така постапувајте отсега па натаму, со љубов кон Христос и кон браќата наши. Возљубете Го Христос!

Бидете свети!

Препуштете се само на пријателство со Христос, само на љубовта Негова, само на божествената љубов.

Старец Порфириј

Претходна статијаКнига Мудрост Соломонова! (Да го искушаме со навреди и маки, за да ја видиме неговата кротост…)
Следна статијаСекој е виновен за сите и сите се виновни за секого!