НИЕДЕН НАШ ЗБОР НЕ ИСЧЕЗНУВА…

„Зборот го разликува човекот од сите останати живи суштества на земјата.

Кај светите Отци човекот често се нарекува „словесно суштество“.

Со збор тој општи со Бога, во неговиот збор има големо достоинство и предност пред другите суштества.

Но, излегува дека животното стои повисоко од човекот зашто не лаже, а ние лажеме.

Господ ни дал збор – ние сме го искривиле.

Господ ни го дал зборот за молитва, за општење еден со друг, зборот, како меч против сатаната, а ние го свртуваме против себе самите.

Знајте, ниеден наш збор не исчезнува, туку останува. (…)

Секоја лага, секој лажлив и лицемерен збор не исчезнува во воздухот, без трага, како што ни се чини, туку зборовите се зачувуваат како во некој невидлив склад или ризница, во тоа страшно царство на злото.

И нашите гревови, нашата лага, собирајќи се, се претвора во некоја уривачка сатанска сила и енергија, која потоа се пројавува на земјата во вид на страшни катастрофи и искушенија, а ние не знаеме од каде сето тоа.

Затоа, запомнете, браќа и сестри, дека е големо значењето на човечкиот збор.

Преку зборот човекот може да го подигне својот ум над земјата,

преку зборот тој може во молитвата да Му се приближи на Бога, но преку збор може да му служи на демонот….

Архимандрит Рафаил (Карелин)

Претходна статијаПоука на денот: Старец Паисиј Светогорец и молитва против зли духови…
Следна статијаЗатоа не престанувај да се молиш за нас на Господа Преподобен Арсение