„Не одделувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да постите и да Му се молите на Бога; и пак состанете се за да не ве искуша сатаната поради вашето невоздржување.” (1. Кор. 7,5)
Преподобен Ефрем Сирин:
„Не се забранувајте еден на друг, освен по договор и повремено“, заради исполнување на религиозните обврски за време на постите и молитвата. Значи, во празничните денови воздржувајте се, за да не ве искушува сатаната“.
+++
Сега ќе ги погледнеме канонските прашања на неговата светост – патријархот Александриски Марко и одговорите, кои на нив ги даде познатиот Византиски толкувач на црквените правила , неговата светост, патријархот Антиохиски Теодор Валсамон.
Прашање 52:
Ако за време на четириесетдневниот пост, сопружниците не се воздржуваат, дали ќе бидат удостоени со Божествените Тајни на празникот на спасението на светот, Великата Пасха, или не?
Одоговор:
Ако сме научени да се водржуваме, дури од тоа да јадеме риба и ако не го разрешуваме лесно постот во текот на целата Света Четириесетница, како ниту во среда и петок, уште повеќе сопружниците треба да бидат принудени, да се воздржуваат од телесното спојување.
Затоа, оние сопружници, кои ја сториле оваа противзаконита работа и ја претвориле во невоздржание, спасоносното покајание кое произлегува од постот и одбегнувањето на телесните страсти, (како целата година да не им била доволна за задоволување на телесните желби), не само што не треба да бидат удостоени од Светата Божествена Причест на празникот на Великата Пасха, туку треба да се поправаат преку епитимии.“