За да ти ги подари своите Свети Дарови, Христос од тебе не бара ништо прекумерно и затоа потребно е само да признаеш дека се` што имаш добро во животот е од Него.
И затоа обидувај се да сострадаш со оние што немаат.
Не осудувај никого затоа што нема, велејќи му дека е грешен, изопачен, лукав и дека празнослови и краде, дека е блудник и лажго, па затоа нема.
Ако се здобиеш со ова познание, тогаш никогаш никого нема да осудуваш дури и ако согледаш дека направил смртен грев.
Ќе си речеш во себе:
„Во него, Христе мој ја нема Твојата благодат, затоа и греши.
Ако си отидеш од мене, јас ќе направам и полоши работи.
Ако стојам исправен сега, тоа е затоа што Ти ме подржуваш.
Братот, она што ќе го види, тоа и го прави.
Тој е слеп! Како од него бараш да согледа нешто кога тој нема очи?
Тој е гол! Како од него може да бараш нешто, кога е сиромав?
Подари му го Твоето богатство.
Подари му и очи, за да може да гледа !
Старец Јосиф Исихаст