Христовото Воскресение не треба да се празнува како еден историски или општествен настан, туку како егзистенцијален, а тоа значи дека треба да се учествува во благодатта на Воскресението.

Постот што му претходи на празникот во целиот период на Четириесетницата, аскетската борба, го има за цел потесното учество во тајната на Воскресението.

Меѓутоа, за да се постигне тоа, потребно е, како што учат сите отци, очистување, како на телесните сетила така и на душевните.

Човекот има тело и душа, и затоа има телесни и душевни сетила. Светиот Јован Дамаскин пее:

Да ги очистиме сетилата и даја видиме непристапната светлина на Воскресението, Христа, Кој блеска и Кој ни вели радувајте се, Јасно да Го слушнеме, пеејќи победна песна.

Значи, очистувањето е неопходна претпоставка за созерцанието и за заедницата co Бога. Светиот Григориј Богослов ќе рече:

Заради тоа прво очисти се себеси, a потоа приближи се кон Чистиот.

Цел на духовниот живот е да се соединиме co Воскреснатиот Христос, да Го видиме во своето срце. Христос воскреснува во срцето, умртвувајќи ги страсните помисли и надминувајќи ги сграсните отпечатоци и предрасудите на гревот, како што тогаш ги надмина печатите на гробот (свети Максим Исповедник).

Според тоа, не се работи за надворешно формално празнување, туку за внатрешно и егзистенцијално.

Низ таа призма светиот Григориј Богослов советува да не празнуваме панаѓурски и световно, туку божествено и натсветски.

Учеството во тајната на Воскресението е доживување на обожувањето. Тој што се посветил во тајната сила на Воскресението, од искуство познал заради која цел Христос го создал светот (свети Максим Исповедник).

Навистина, човекот е создаден за да достигне обожување, а светот да учествува во осветувањето преку човекот. При тоа, оној кој се посветува во таа тајна сила на тајната на Воскресението, достигнува обожување и ја исполнува целта на своето постоење. Така стекнува поголемо познание.

Апостолот Павле советува такво доживување на животот, па затоа пишува дека се сопогребавме преку светото Крштение co Христа во смртта, та како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние да одиме во обновен живот (Рим. 6, 4).

Неопходно е тоа преродување, инаку човекот ќе умре духовно, според зборовите на апостолот Павле: бидејќи, ако живеете според телото, ќе умрете; но ако преку Духот ги умртвувате работите на телото, ќе бидете живи (Рим. 8,13).

Христовото Воскресение е најголемиот настан во историјата. Се работи за обожување и воскресение на нашата ипостас.

Откако се најде лекот, постои надеж за живот. Преку Христовото воскресение и животот и смртта стекнуваат друга смисла. He го сметаме како живот збирот од историските настани, туку заедницата co Бога.

He го сметаме за смрт крајот на сегашниот живот, туку оддалечувањето на човекот од Христа, a одделувањето на душата од телото не е смрт, туку привремен сон.

Апостолот Павле, токму затоа што се чувствува соединет co Воскреснатиот Христос, може да исповеда:

Оти сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни силите, ни сегашноста, ни иднината, ни височината, ни длабочината, ниту, пак, некоја друга твар ќе може да не оддели од љубовта Божја во Христа Исуса, нашиот Господ (Рим. 8, 38 – 39).

Bo Огласителното слово на светиот Јован Златоуст, кое е една триумфална пофална химна за победата, се вели дека co Христовото воскресение се надминаа сите човекови проблеми.

Никој не треба да плаче за сиромаштвото и воопшто за лишувањето од потребните материјални блага, затоа што се јави заедничкото Царство.

Никој не треба да рида за гревовите што ги направил, затоа што од гробот изгреа простување.

Никој не треба да се плаши од смртта, затоа што смртта на Спасителот не’ ослободи.

Тоа „никој” е апсолутно, a негова причина е Христовото Воскресение. Колку што се затвораме во релативното и не навлегуваме во апсолутноста на тоа „никој”, толку и плачеме, ридаме и се плашиме.

Пренесено од книгата “Господовите празници” (Воскресение Христово) од Митрополит Јеротеј Влахос

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаТешко нас кога нè фалат дека сме добри лубеници, а ние сме тикви…! (Старец Пајсиј)
Следна статијаГоспод воскресна и co Себе ја воскресна вселената!! (Свети Јован Златоуст)