Вo духовниот живот борете се едноставно, благо, без присилување

Нашата религија е длабоко премудра. Едноставното е и најскапоцено.

Така борете се во духовниот живот, едноставно, благо, без присила. Душата се осветува и очистува преку изучување на словата од светите отци, преку учење на псалми наизуст, библиски цитати, преку пеење и молитва.

Значи, посветете се на овие духовни дела, а оставете сѐ друго. До служењето на Бога можеме да стигнеме лесно, бескрвно.

Има два пата кои водат кон Бога: суровиот и заморен пат co дивите напади против злото, и лесниот пат на љубовта.

Постојат многумина коишто го избрале суровиот пат и „пролеале крв, за да примат Дух”, додека да стигнат до голема добродетел.

Јас сметам дека побрз и посигурен пат е оној на љубовта.

Тој пат следете го и вие.

Значи, можете да вложите друг напор. Читајте и молете се, а како цел имајте да напредувате во љубовта кон Бога и Црквата. Немојте да се борите да ја изгоните темнината од собата на вашата душа.

Отворете една мала дупка, за да дојде светлината, и така темнината ќе си отиде. Истото важи и за страстите и за слабостите.

Немојте да војувате co нив, туку преобразувајте ги во сили, игнорирајќи го злото.

Трудете се co тропарите, богослужбените канони, богослужението, Божјата љубов.

Сите свети книги на нашата Црква, Октоихот, Часословот, Псалтирот, Минеите содржат свети и љубовни зборови кон нашиот Христос. Читајте ги co радост, љубов и веселие.

Кога co копнеж и радост ќе му се предадете на овој напор,вашата душа ќе се осветува на благ и таинствен начин, без да го забележите тоа.

Ми имаат оставено впечаток житијата на светителите, а особено житието на светиот Јован Каливит. Светителите се Божји пријатели. Цел ден можете да се насладувате и да уживате во нивните подвизи и да се угледате на нивниот живот.

Светителите комплетно My ce имале предадено на Христос.

Co тоа изучување полека ќе ги стекнете кротоста, смирението, љубовта, и вашата душа ќе станува блага. Немојте да одбирате негативни начини за вашето поправање.

Нема потреба да се плашите ниту од ѓаволот, ниту од пеколот, ниту од ништо. Тоа создава реакција. И јас имам некое мало искуство во овие работи. Целта не е да седите во грч и стегнатост за да се подобрите.

Целта е да живеете, да изучувате, да се молите, да напредувате во љубовта, во Христовата љубов, во љубовта кон Црквата.

Трудот на човекот да се соедини co Христос, да Го возљуби Христос, да копнее по Христа, да живее во Христа е свето и убаво нешто, коешто ја радува душата и ја ослободува од секое зло.

Исто како и апостолот Павле, кој велел: „не живеам веќе јас, туку Христос живее во мене” (Гал. 2, 20). Тоа треба да биде вашата цел.

Останатиот ваш труд да биде таен, скришен. Она што треба да владее е љубовта кон Христос. Таа треба да биде во умот, во мислата, во фантазијата, во срцето, во волјата.

Најинтензивен треба да биде вашиот труд како ќе Го сретнете Христос, како ќе се соедините co Hero, како ќе Го впиете во себе.

Оставете ги сите слабости, за да не дознае спротивниот дух и да не ве потопува и турка надолу, и да не ви предизвикува грижи. He вложувајте никаков напор за ослободување од нив.

Борете се благо и едноставно, без стегнатост и стрес. Немојте да велите:

„Сега ќе се стегнам, ке се помолам да стекнам љубов, да бидам добар итн.”

He e добро да се стегаш и да бидеш во грч, за да станеш добар. Така ќе реагирате уште полошо.

Сѐ треба да се одвива на благ начин, ненасилно и слободно. Немојте ниту да велите:

„Боже мој, ослободи ме од ова”, на пример од гнев или тага. He е добро да се молиме или да размислуваме за конкретната страст. Во таа ситуација нешто се случува во нашата душа, и ние уште повеќе се заплеткуваме.

Нафрли се co силен залет да ја победиш страста, па ќе видиш тогаш како таа ќе те прегрне, ќе те стегне и нема да можеш да правиш ништо.

He војувајте директно co искушението, и немојте да молите тоа да си отиде, велејќи:

„Боже мој, земи го!” Тогаш му давате значење, и искушението притиска. Бидејќи и покрај тоа што велите „Боже мој, земи го”, вие всушност го имате во сеќавањето и уште повеќе го потхранувате.

Се разбира, расположението за ослободување ќе постои, но ќе биде многу тајно и истенчено, без да се познава. Ќе се одвива тајно. Сетете се на она што се кажува во Светото Писмо:

„Да не знае твојата лева рака што прави десната” (Мат. 6, 3). Сета ваша сила нека биде насочена кон Божјата љубов, кон служењето на Бога, кон приврзувањето за Hero. Така ослободувањето од злото и од слабостите ќе се одвива тајно, без да знаете и без труд.

Вака се трудам и јас. Открив дека тоа е најдобриот начин за осветување. Бескрвен начин. Значи, подобро е да се фрлам на љубов, изучувајќи ги богослужбените канони, тропари, псалми.

Тоа изучување и насладување, без да забележам, го води мојот ум кон Христа и го насладува моето срце. Истовремено се молам отворајќи ги рацете co радост и копнеж, co љубов, и Господ ме издигнува во Неговата љубов. Таа е нашата цел, да стигнеме таму.

Што велите, нели овој пат е бескрвен?

Постојат и многу други начини, како на пример да се сеќаваш на смртта, пеколот, ѓаволот. Така од страв и пресметливост го одбегнуваш злото.

Јас, најмалиот од сите, не ги применував во својот живот тие начини кои заморуваат, носат реакција и многупати спротивен резултат. Душата, кога е чувствителна, се весели во љубовта и се восхитува, зајакнува и го преобразува и преобликува сето она што е негативно и лошо.

Затоа јас го претпочитам „лесниот пат”, односно оној начин преку изучување на богослужбените канони во чест на светителите. Bo богослужбените канони ќе најдеме начини што ги применувале светителите, преподобните, подвижниците, мачениците.

Добро е да ја извршуваме таа „кражба”. Да го правиме и ние она што тие го правеле. Тие се фрлале во Христовата љубов, и го дале сето свое срце.

Да го украдеме нивниот начин.

Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит” Превод од грчки јазик: јеромонах Атанасиј Арсоски

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаБЛАГОСЛОВЕН Е ПЛОДОТ НА ТВОЈАТА УТРОБА!
Следна статијаЕва co својот грев ја доведе смртта во вселената; Марија (Богородица) пак, донесе Живот…!