„Исто како што само преку Неа Он дојде при нас и „се јави на земјата и живееше меѓу луѓето“ (Варух 3, 37), а претходно беше невидлив за сѐ, така и во бескрајното време што следи, каков било напредок кон божествено просветлување, секое откровение на таинствата на божествениот поредок и секој вид духовен дар ја надминува способноста на секого – без Неа.
Бивајќи првата што ја прими „полнотата на Оној Кој исполнува сѐ во сѐ“ (Ефес. 1, 23), Таа Го принесе на дофат на сите, споделувајќи со секого според неговата сила и сразмерно мерката на неговата чистота.
Така, Таа е и ризница и ризничар на благата на Бог, а највисоките чинови на херувимите се надеваат на Неа и веруваат во Неа.
Тие, пред сите други, се обземени со копнеж за Неа, како што, повеќе од сите други, копнеат по излевањето на светлина и дарувањето божествени дарови што доаѓаат преку Неа.
Сите духовни сили под нив соодветно учествуваат во оваа љубов и во божественото просветлување преку Неа.
После нив, и за нас, исто така, за сите мажи и жени, според степенот на нашето бестрасно и свето копнеење за оваа Боголика Дева, ќе следи бестелесна, непрестајна љубов и потполно искрена желба после состојбата на божественото просветлување и неговата јасност…“
( св. Григориј Палама)